ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Што им е работа на шпионите?

June 13, 2021 14:31
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

На крајот на нашите дневни колегиуми во ЦИВИЛ, една наша колешка обично нè прашува дали сакаме да слушнеме некоја „занимливост“. Секогаш има интересни информации кои потоа ги коментираме, најчесто со многу хумор.

Во тој дух, ќе ве потсетам на една „занимливост“ која помина речиси незабележано во јавноста. Руското МНР протера македонски дипломат од Москва, како „вратка“ за протерувањето на нивниот шпион од нашата земја. Протеруваат наш дипломат само затоа што бил протеран „дипломат“ од нивното Посольство во Скопје, кој се занимавал со недипломатски активности (шпионски). Не дека нашиот дипломат ги прекршил конвенциите, туку само како реципрочна мерка.

Што им е работа на шпионите во денешно време на сезнајниот Гугл?

Иако не е вообичаено властите да споделуваат детали за шпионските активности на дипломатите кои ги протерува, сепак, познавачите добро знаат за што се работи. Најчесто, шпионските активности на некои дипломати се состојат во формирање мрежи на „информатори“ кои се наоѓаат на сензитивни позиции во институциите на државата која е мета на шпионажата.

Најпосакуваните шпионски „дестинации“ се одбраната, безбедноста и разузнавачките агенции, но и здравството, финансиите, правдата и други ресори. Шпионските мрежи продираат во структурите на системот и прибираат информации за постапките, за плановите, ресурсите, но и за приватниот живот на клучните луѓе во институциите.

Кабинетот на екс-претседателот Иванов, на пример, беше швајцарско сирење, што допрва ќе се открива како што ќе се приближува случајот „27 април“ кон својот крај. Не мора судскиот процес да открие сè, ќе ископаат нешто и медиумите… Пардон, лош е овој пример, Иванов беше доброволен и добар домаќин, тие беа добредојдени кај него, а неговиот кабинет беше користен како „база“.

Шпионите, освен што прибираат сензитивни информации од сите можни сектори, имаат и други „возвишени“ задачи. Па така, работат на врбување на луѓе во политичките партии и други структури во земјата домаќин, кои потоа можат да бидат искористени за „патриотски игри“ како оние на бојкотирачите, тврдокорните и слични радикални групи и „рогоњи“.

За „обработката“ на новинарските „куртони“ (израз на д-р Латас) не мора посебно да се елаборира, тоа е видливо за секој што барем малку знае да чита, доволен е само еден поглед или клик на познатите групации на медиумите.

Важен дел од „дипломатската“ работа на шпионите е поткопување на демократските институции, опструкции на евроатлантските интеграции и меѓународните договори како што се Преспанскиот и Охридскиот, откривање класифицирани документи за безбедноста и одбраната и слични „спортови“. На тоа се додаваат и задолженијата за координирање на пропагандата. Крајната цел е позната и за неа е многупати пишувано: дестабилизација на земјата.

Што се однесува до протерувањето на македонскиот дипломат, за наивните, пак, останува прашањето, дали нашиот дипломат се занимавал со таква или слична, било каква шпионажа, како што протераниот руски дипломат се занимавал со шпионажа во нашата земја. Колку што е познато, одговорот на ова прашање е негативен. Но тоа и не е критериум, зарем не?

ПС. Гледајте ги реакциите на овој текст. Мене ми се познати однапред. Ќе ви кажам нешто и за тоа во првата можна прилика. Клучни зборови се: замена на тезите и релативизација.


 

Creative Commons 4.0 (дозволено е преземање со атрибуција и линк)
илустрација: Russian doll spy, drawing by Summer Porter
Next Post
Полицијци го спречуваат Роман Протасевич да известува од протестите. во Минск. 26 март 2017 година. (фото: EPA-EFE/STRINGER)

Кој е Роман Протасевич - Досие Белорусија (1)

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk