ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Немаме алтернатива освен да продолжиме да разговараме и да најдеме начин како да го направиме исчекорот

June 15, 2021 19:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Бујар Османи информира дека утре во собраниската Комисијата ќе има можност отворено да разговара со пратениците за, како што вели, хронолошки да ги објасни активностите што се преземени сите овие месеци за да се обезбеди исчекор на европскиот пат.

– Иако целиот овој период се обидов да бидам транспарентен со јавноста во однос на тоа што разговараме, што се пречките, кои се принципите, кои се нашите очекувања, добро е да се направи пресек пред пратениците. Така што ќе се објаснат позициите наши, односно тоа дека Република Северна Македонија ги има исполнето сите услови за почнување преговори и преговорите заслужува да ги почне, истакна во интервју за Телма министерот Османи.

Тој додаде дека ставот на 26 земји членки е оти РСМ е најдоброто досие во регионот и дека преговорите мора да почнат, а секое одложување значи сериозно нарушување на кредибилитетот на процесот.

Во разговорот појасни дека во моментот има два паралалени процеси.

– Едниот е португалксиот предлог што ги третира прашањата од прегоравачката рамка што ги оспорува Бугарија и кои се причина за процесот да биде блокиран. Вториот процес одржување на втората меѓувладина комисија во која треба да се дефинира протоколот, односно акцискиот план кој во последно време се третира како иден патоказ, кој би бил дел од решенијата што ги предлага португалскиот предлог. Што значи патоказот го дефинираме со Република Бугарија на билатерална основа, содржината на патоказот, додека позицијата на патоказот и прашањата од преговарачката рамка ги дава португалскиот предлог, потенцира Османи.

Тој нагласи дека остануваме на ставот оти португалскиот предлог е основата за решение што се надоврзува на берлинското решение од минатата година и дека е предлог што ги исполнува просторот за компромис.

– Се обидуваме по овие патеки да работиме. Ќе имаме уште неколку дена за директни средби и разговори за да може во вторник да има одлука, рече Османи.

Најави дека во четврток екипата што е вклучена во ова прашање раководена од премиерот Зоран Заев, ќе бидат во Софија на директни средби со претседателот и со премиерот на Бугарија, за да, како што рече, се искористат и овие последни денови пред одлуката во вторник.

Според него, регионот е пред точката на губење на кредибилитетот на европската перспектива и тоа би имало сериозни последици понатаму во регионот.

– Ние немаме друга алтернатива доколку на 22 јуни не успееме да продолжиме натаму со напорите. Тоа што го кажуваме дека контекстот понтамошен е уште повеќе компликуван.Прво затоа што Бугарија влегува во нови избори, ние влегуваме во локални, ќе има избори во големите земји членки кои се важни за процесот на проширување и тоа уште повеќе ќе го стесни просторот за решение и затоа беа сите овие напори да најдеме решение во јуни, Но ние немаме алтернатива освен да продолжиме да разговараме и да најдеме начин како да го направиме исчекорот, рече министерот за надворешни работи Османи.

извор: МИА

Next Post

Шекеринска: Ако гледаме подолгорочно, оваа партија, овие луѓе, оваа Влада може да преживее само со успешна борба против корупција

Shortcut

Најново

Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk