ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Вечерен преглед: Се укинува забраната за движење, бројките на новозаразени паѓаат и немаме починати, немаме алтернатива освен да продолжиме да разговараме и да најдеме начин како да го направиме исчекорот

June 15, 2021 21:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Почнувајќи од 16 јуни 2021 година (среда), престанува да важи забраната и посебниот режим на движење на лица и возила од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија. Исто така  од утре, 16 јуни, се укинува ограничувањето на работното време на сите угостителски објекти и угостителскиот објект/дел за исхрана во угостителските објекти за сместување (хотел, мотел, хостел, пансион и друг објект за сместување), на бензинските станици, казината и обложувалниците и други објекти кои во склоп на истиот даваат угостителски услуги, а за време на работно време се дозволува работа само на отворените делови – тераси од угостителскиот објект, освен служење пијалаци во внатрешноста на казината и автомат клубовите.

Во последните 24 часа се направени 2.887 тестирања, информира министерот за здравство Филипче на Фејсбук, а регистрирани се 29 нови случаи на КОВИД-19. Нема починати лица, а регистрирани се 34 оздравени пациенти.

Американската извршна наредба воопшто не треба да ја третираме како западно балкански, дури да не зборувам за наш македонски рецепт. Јас на ниту една претходна средба не сум чула толку голем фокус од страна на првите луѓе на Америка на темите како што се владеење на право, слобода, демократија и борба против корупција. Ова го нагласи  министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Колку подобро за македонските интеграции и прогресот во било која сфера во општеството или политиката, толку полошо за радикалите и криминалците во политиката. Тотално апсорбирани од омразата, ултрадесничарските политичари и нивниот пропаганден ентураж во континуитет ја покажуваат својата неспособност да понудат било каква идеја со која би учествувале во креирањето на политиките и практиките во земјата, пишува ЏАБИР ДЕРАЛА.

Османи нагласи дека остануваме на ставот оти португалскиот предлог е основата за решение што се надоврзува на берлинското решение од минатата година и дека е предлог што ги исполнува просторот за компромис. Се обидуваме по овие патеки да работиме. Ќе имаме уште неколку дена за директни средби и разговори за да може во вторник да има одлука, рече Османи. Најави дека во четврток екипата што е вклучена во ова прашање раководена од премиерот Зоран Заев, ќе бидат во Софија на директни средби со претседателот и со премиерот на Бугарија, за да, како што рече, се искористат и овие последни денови пред одлуката во вторник.

Самитот на НАТО, кој се одржа во Брисел вчера, за Северна Македонија беше од особено значење поради неколку причини. На маргините од овој самит, се одржа и кратката средба помеѓу македонскиот премиер Заев и американскиот претседател Бајден. Овој разговор, кој се случува после неполни пет месеци од преземањето на Џо Бајден на функцијата претседател на најмоќната држава во светот, испраќа силна симболика и убава порака за трансатлантските вредности во нашето општество.

М. Миткоска

Next Post

ЕУРО2020: Португалија со победа тргна во одбрана на титулата, Роналдо најдобар стрелец на Европските првенства

Shortcut

Најново

Фото: Министерство за финансии

СДСМ тврди дека „дупката“ во ПИОМ достигнала 1 милијарда евра, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека Фондот е стабилен

September 17, 2026
Никола Спасов

Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

September 17, 2026

Високи затворски казни во Хаг за косовските лидери на ОВК: Ахмети и ВЛЕН со остри реакции за пресудите

September 16, 2026

Хашим Тачи од судот во Хаг прогласен за виновен за воени злосторства, осуден на 25 години затвор

September 16, 2026
Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Назадувањето на демократијата има човечка, економска и безбедносна цена

September 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk