Почнувајќи од 16 јуни 2021 година (среда), престанува да важи забраната и посебниот режим на движење на лица и возила од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија. Исто така од утре, 16 јуни, се укинува ограничувањето на работното време на сите угостителски објекти и угостителскиот објект/дел за исхрана во угостителските објекти за сместување (хотел, мотел, хостел, пансион и друг објект за сместување), на бензинските станици, казината и обложувалниците и други објекти кои во склоп на истиот даваат угостителски услуги, а за време на работно време се дозволува работа само на отворените делови – тераси од угостителскиот објект, освен служење пијалаци во внатрешноста на казината и автомат клубовите.
Во последните 24 часа се направени 2.887 тестирања, информира министерот за здравство Филипче на Фејсбук, а регистрирани се 29 нови случаи на КОВИД-19. Нема починати лица, а регистрирани се 34 оздравени пациенти.
Американската извршна наредба воопшто не треба да ја третираме како западно балкански, дури да не зборувам за наш македонски рецепт. Јас на ниту една претходна средба не сум чула толку голем фокус од страна на првите луѓе на Америка на темите како што се владеење на право, слобода, демократија и борба против корупција. Ова го нагласи министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Колку подобро за македонските интеграции и прогресот во било која сфера во општеството или политиката, толку полошо за радикалите и криминалците во политиката. Тотално апсорбирани од омразата, ултрадесничарските политичари и нивниот пропаганден ентураж во континуитет ја покажуваат својата неспособност да понудат било каква идеја со која би учествувале во креирањето на политиките и практиките во земјата, пишува ЏАБИР ДЕРАЛА.
Османи нагласи дека остануваме на ставот оти португалскиот предлог е основата за решение што се надоврзува на берлинското решение од минатата година и дека е предлог што ги исполнува просторот за компромис. Се обидуваме по овие патеки да работиме. Ќе имаме уште неколку дена за директни средби и разговори за да може во вторник да има одлука, рече Османи. Најави дека во четврток екипата што е вклучена во ова прашање раководена од премиерот Зоран Заев, ќе бидат во Софија на директни средби со претседателот и со премиерот на Бугарија, за да, како што рече, се искористат и овие последни денови пред одлуката во вторник.
Самитот на НАТО, кој се одржа во Брисел вчера, за Северна Македонија беше од особено значење поради неколку причини. На маргините од овој самит, се одржа и кратката средба помеѓу македонскиот премиер Заев и американскиот претседател Бајден. Овој разговор, кој се случува после неполни пет месеци од преземањето на Џо Бајден на функцијата претседател на најмоќната држава во светот, испраќа силна симболика и убава порака за трансатлантските вредности во нашето општество.
М. Миткоска