Фудбалската репрезентација на Македонија се врати во Скопје по историскиот настап на Европското првенство, а на скопскиот аеродром нашите најдобри фудбалери беа пречекани како што треба, и како што доликува.
„Добредојдовте дома“ им посакаа претседателот на Кошаркарската федерација, Перо Антиќ, како и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски.
„Добредојде дома“, од легендите за легендата, е коментарот од објавата на официјалната фејсбук страница на Македонската фудбалска репрезентација.