ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими: Приходите заклучно јуни повисоки за над 14 отсто, средствата ќе се насочат кон мерки и инвестиции во стопанството

June 23, 2021 16:45
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фатмир Бесими. Фото: МИА

Фатмир Бесими. Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Навистина добрата наплата на давачките во буџетот од почетокот на годината, овозможија да се издвојат дополнителни средства за мерки за поддршка на стопанството и за капитални инвестиции. Од почетокот на годината до 21 јуни, вкупните приходи се повисоки за 14,5 отсто во однос на лани, што се должи на навистина добрата наплата на даноци и придонеси, посочи министерот за финансии Фатмир Бесими на панелот „Економско закрепнување на Република Северна Македонија“ на Скопскиот економски форум.

-Заклучно најновите податоци со кои располагаме за наплатата на давачки во буџетот, односно од почетокот на годината до 21 јуни, вкупните приходи се повисоки за 14,5 отсто, со тоа што даночните приходи се повисоки за 19,3 отсто, а придонесите за 5,8 отсто. Иако споредбената основа лани вклучува и месеци кога реализацијата на приходите беше под силен ефект на Ковид-19 кризата, добра наплата на давачките во буџетот имаше и до средината на март,  односно период кој не беше зафатен од кризата. Буџетот е во добра кондиција. Расходите се извршуваат редовно и навремено, а некои обврски се исплаќаат дури и предвреме, во насока на заштита на одредени категории граѓани, како што е случајот со предвремената исплата на пензиите, рече Бесими.

Како што соопштија од Министерството за финансии, Бесими  посочи дека со ребалансот на буџетот, подобрата наплата на давачки во државната каса ќе се насочи кон потребите за имплементирање мерки за справување со кризата, субвенции, како и во насока на раст на капиталните инвестиции.

-Капиталните расходи се планирани на ниво од 30,5 милијарди денари или за 6,5 милијарди денари повисоки во однос на планот за 2021 година. Со овие измени и дополнувања на Буџетот за 2021 година извршено е редизајнирање на расходите со поголемо учество на капиталните расходи во вкупните расходи, односно од иницијалните планирани 9,4 отсто се зголемува на 11,3 отсто  што е повисоко ниво од просекот во последните десет години (9,5%). Порастот се должи на обезбедување на средства за кредити со 0% камата преку Развојната банка за најпогодените сектори од областа на туризмот, занаетчиството, угостителството, транспортот, индустријата за организација на настани, приватните здравствени установи, понатаму за кредитната гарантна шема и формирање на Фонд за истражување и развој. Исто така, се обезбедуваат дополнителни средства кај буџетските корисници за реконструкција на јавни здравствени установи, капитални инвестиции во областа на детската заштита и социјалата, во патната инфраструктура, дополнителни средства за социјални станови и зголемен износ на средства за рурален развој, рече Бесими.

Тој истакна дека по заздравување на економијата ќе се применат политики за постепена фискална децентрализација, во насока на одржување на стабилноста на долгот. Наведе дека таа ќе се спроведе преку подобрување на наплатата на буџетските приходи (преку зајакнување на капацитетите и подобрување на услугите на УЈП и Царината, преку мерки за намалување на сивата економија и мерки за спречување и сузбивање на корупцијата итн.), намалување и реструктурирање на буџетските расходи (преку кратење на неприоритетните и несуштински трошоци, намалување на тековните расходи, поголема поддршка на приватниот сектор, иновации и зајакнување на конкурентноста, изразена социјална компонента и ревидирање на методологиите за трансферите и субвенциите итн.) и промени на изворите за финансирање на буџетскиот дефицит (План за финансирање на заздравувањето и раст на економијата).

Министерот Бесими рече дека преку Планот за финансирање на заздравувањето и забрзаниот економски раст ќе се настојува да се зголемат вкупните инвестиции во економијата, а притоа да се остане на зацртаниот курс за намалување на фискалниот дефицит на среден рок. Исто така и преку забрзувањето на економскиот раст на среден рок ќе се делува во насока на стабилизирање на долгот поради зголемениот фискален простор за негово сервисирање.

извор: МИА

Next Post

Битиќи на панел дискусијата на тема „Економското закрепнување на Северна Македонија по пандемијата“ во рамки на Првиот економски форум: Направивме значителен исчекор во година на пандемија

Shortcut

Најново

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk