ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Вечерен преглед: Бугарија објави барања за тргање на ветото, Османи вели не се преземени обврски, утре по вторпат „Парада на гордоста“ во Скопје

June 25, 2021 20:59
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Османи: Обврски не се преземени, во Софија се разговараше за идеи како да се надминат разликите.  Доколку имаме договор, тоа да се преточи во поддршка и тогаш би имале комплетен договор – дефиниран патоказ, прашањата кои ги решава предлогот на поругалското претседателство во однос на јазикот и позицијата на патоказот во европскиот процес и плус зелено светло за почетокт на преговоир. И имаме комплетно решение. Негативното е што овој одговор од Софија доаѓа после Советот, значи ја немаме одлуката, но предноста е што ова е индикација дека начелно се прифаќаат идеите како да се надмине проблемот, појасни Османи.

Софија со неколку барања до Скопје за тргање на ветото за ЕУ. Според бугарското МНР, Скопје треба во најбрз можен рок да потврди пред ООН, во согласност со член 11, став 3 од Договорот за соседство, дека краткото и долгото име на земјата се однесуваат само на политичкиот субјект „Република Северна Македонија“, а не на географскиот регион „Северна Македонија“, дел од кој се наоѓа и во рамките на суверените граници на Бугарија…..

Совет на амбасадори: Треба да се бараат посовремени начини на создавање на долгорочна стратегија за развој на добрососедските односи. Советот смета дека ова е една од повеќето неправди што и се нанесени  на нашата земја на нејзиниот пат кон евроинтеграциите од нејзиното осамостојување до денес иако земјата секогаш ревносно ги исполнува поставените барања од Унијата во делот на реформите во многу области на живеењето.

Заев: Максим Димитриевски е еден од главните кандидати за уште еден мандат во Куманово. „Со Максим сме другари и социјалдемократи и секогаш ги утврдуваме најдобрите. Максим е еден од главните кандидати, но имаме и други кандидати. СДСМ секогаш ќе го понуди најдоброт како во Куманово, така и во сите општини ширум државата“, рече Заев.

Заев: Треба да го поддржиме законот за еколошка такса ако сакаме почист воздух и зелени површини. Премиерот Зоран Заев, коментирајќи ја најавата на опозицијата дека ќе го блокира донесувањето на законот за еколошка такса, попладнево во Куманово изрази надеж дека ќе се изнајдат начини за да се изгласат законите кои се важни за граѓаните.

Утре „Парада на гордоста“ во Скопје, изменет сообраќаен режим… Предвидената траса на движење на учесниците од пред паркот „Жена Борец”, која започнува во 12:00 часот е по улица „Димитрије Чуповски”, свртување на улица „Даме Груев” и булевар „ВМРО” кон Владата , па по булевар „Илинден” до фонтаната во Градски парк и завршува на „Школка” во Градскиот парк во 17:00 часот, се вели во соопштението од МВР.

Исплатени ковид-наградите, врз основа на списоците доставени од директорите на јавните здравствени установи. Секое раководно лице на јавна здравствена установа, на кое му беа доделени средства за награда од 30.000 денари, до Министерството за здравство, достави список потпишан и изготвен од негова страна, а согласно натамошните процедури ФЗО на РСМ ги исплати средствата до секое ЈЗУ, раководејќи се според претходно доставени списоци од страна на директорите на јавните здравствени установи.

Aплицирани 501.506 дози вакцини, ревакцинирани 212.201 граѓани.

И. Т. З. 
Next Post

Гир: Северна Македонија си ја заврши „домашната задача“ и ние мора да испорачаме, но, картата за во ЕУ се реформите

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk