ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Македонско-хрватски бизнис средби: Авиолинија меѓу туристичките центри и економска дипломатија

July 1, 2021 11:54
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Авиолиниско поврзување на Охрид со Сплит или Дубровник, како туристички центри, во насока на поддршка на туризмот што е  меѓу најпогодените гранки во ковид пандемијата, е една од иницијативите што ги изнесоа македонските и хрватските бизнисмени на денешна деловна средба во Загреб.

Бизнимени од Сојузот на  стопански комори на Македонија и од Хрватската трговска комора на средбата, организирана во рамки на официјалната посета на претседателот Стево Пендаровски на Хрватска, оценија дека постојат големи можности за подобрување на трговската соработка помеѓу двете држави. Порачаа да се искористат одличните политички односи и да се зајакне економската дипломатија.

– Од сите дипломатии  најважна е економската дипломатија и тоа нешто на што мора сами да работите. Бизнисот  ја отвора најдобро вратата за каква било соработка. Не треба да нагласуваме дека Хрватска и Македонија имаат многу добри односи, но сето тоа мора сите да го искористиме да ја подобриме и зголемиме трговската размена која минатата година беше некаде околу 221 милион долари, но  таа секако има уште  простор и потенцијал да се зголеми, изјави Лука Бориловиќ, претседател на Хрватската трговска комора.

Тој се надева на идна соработка и со Сојузот на стопански комори, потенцирајќи дека  Хрватската трговска комора е на располагање за поврзување на компаниите во насока на искористување на можностите за соработка.

Како што изјави претседателката на ССК Данела Арсовска, на средбата детектирале дека има навистина голем потенцијал за зголемување  на трговската размена која, укажа, во овој  момент не се наоѓа на задоволително ниво и покрај тоа што во изминатите  години особено во пандемиската година е забележан раст во трговската размена меѓу Македонија и Хрватска.

-Веруваме дека потенцијалот што го детектиравме во делот на индустриското производство, особено во делот на ИКТ индсустријата, но и отворање на нови можности за дестинации помеѓу нашите туристички центри, во Македонија – Охрид и во Хрватска – Сплит или Дубровник дека ќе биде навистина голема можност во овој постпандемиски период да го развиеме и туризмот, што беше една од најзагрозените гранки, изјави Арсовска.

Деловната средба ја отвори претседателот Пендаровски, кој порача дека со заеднички напори, вакцинација, но и активности за владеење на правото како клучно за бизнис климата, ќе се подобри економската соработка и ќе се помогне за нормализирање и развој на економијата по штетите од здравствената криза.

– Оптимистичките сценарија за македонската и хрватската економија се дека четвртиот квартал годинава може да донесе поголеми стапки на економски раст и практично да биде предвесник на она што ќе се случува следната година кога би можеле да  очекуваме целосно враќање  на економскиот потенцијал како што беше пред 2020 година, потенцираше Пендаровски.

Кога разговараме за економската соработка помеѓу двете држави, но и со другите држави од регионот, нагласи Пендаровски, јасно е дека пандемијата не е единствената причина зошто економската соработка не е на уште повисоко ниво.

– Во нашата економија јасно е дека не се зависи од луѓето во бизнис секторот, јасно е дека  се многу значајни стабилноста и интегритетот на институциите, најважно е владеењето на правото, најважно е корупцијата да се сведе на најниско можно ниво за странски инвеститори и бизнисмени да доаѓаат во држава која има предвидлива бизнис клима и стабилен бизнис систем кој може да ги штити нивните  права, рече Пендаровски, кој со учеството на деловната средба ја заокружи дводневната официјална посета на Хрватска, во тек на која имаше средби со хрватскиот државен врв.

Директните инвестиции од Хрватска во земјава во 2020 година прикажуват одлив од 0,76 милиони евра. Анализирајќи го периодот од 2010 до 2020 година се забележува дека најголеми инвестиции се направени во 2011 година од осум милиони евра, покажуваат податоците на Стопанската комора на Македонија.

Вкупната трговска размена меѓу двете држави  во периодот јануари-април годинава, изнесува 69,9 милиони долари, што претставува раст од 15,42 проценти во однос на истиот период од претходната година. Остварен е извоз од 36,1 милиони долари (раст од 18,02 проценти), додека увозното салдо изнесува 33,7 милиони долари (раст од 12,77 проценти), споредено со истиот период од 2020 година. Во вкупната надворешно-трговска размена е остварен е трговски суфицит од 2,3 милиони долари.

Хрватска е наш 21-ви трговски партнер за периодот јануари-април 2021 година, а 20-ти во 2020 година, кога размената достигна 199 милиони долари,  што е раст од 12,54 проценти во однос на претходната 2019 година, но со трговски дефицит од 13,2 милиони долари.

извор: МИА

Next Post
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Почна комисиската расправа за ребалансот на Буџетот

Shortcut

Најново

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk