Вицепремиерот Николовски, посочи дека Владата континуирано вложува во рамномерниот регионален развој и јакнење на инфраструктурата во секоја општина од државата, со единствена цел- подобрување на условите за живот на граѓаните на локално ниво.
Словенечкиот премиер Јанез Јанша за Бугарското национално радио (БНР) изјавил дека ја сфаќа позицијата на Бугарија околу нејзиното вето за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, бидејќи таа е земја членка на Унијата, но дека мора да се најде компромис
Во наредниот период Бугарија треба да го вложи секој напор за да не претставува дел од проблемот, туку дел од решението, порачува поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, коментирајќи го последното вето од Бугарија на евроинтеграците на Северна Македонија.
Верувам во судиите на Уставен суд, верувам дека и тие нови тројца судии кои треба да бидат избрани ќе бидат прифесионалци, чесни судии и судии со интегритет. Можам да тврдам дека и тука нема да дозволам никој да ми каже како јас да работам и во никој случај да ми каже некој како да гласам. За мене е навреда да ми се јави политичар и да ми каже како да одлучам, вели претседателката на Уставен суд, Добрила Кацарска.
Говорот на омраза мора да исчезне во нашите билатерални односи во Република Северна Македонија, изјави министерот за надворешни работи Светлан Стоев.
За нас САД се наши долгогодишни стратешки сојузници и партнери. Новиот пристап на американската администрација, за повторно заживување на трансатлантското партнерство, ни создава многу можности што треба да ги искористиме за да ја поттикнеме регионалната стабилност, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи кој денеска се сретна со Филип Рикер и со Метју Палмер.
Агенцијата за национална безбедност и СВР Скопје, при извршена контрола во помошни простории во зграда на ул.„Цветан Димов“ во Скопје, пронашле и заплениле автоматска пушка „калашников“, две рамки и 22 куршуми, известуваат од МВР.
Ј. Ѓ.







