ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери: Проценив дека е посоодветно да се обратам на АФЕТ на јазикот кој најдобро го знам

July 8, 2021 20:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието Талат Џафери смета дека не го прекршил Уставот со обраќањето на албански јазик на состанокот на АФЕТ што се одржа на 28 јуни годинава во Брисел.

-Останувам на ставот дека не сум го прекршил Уставот и останувам  на ставот дека некому не му дозволив фешта на Комисијата за надворешна политика АФЕТ во Европскиот парламент. Апропо сите случувања не дозволив фешта и проценив дека е посоодветно да се обратам на јазикот кој најдобро го знам, а тоа е мојот мајчин јазик. Соодветно си го знам и службениот, односни книжевниот македонски јазик, рече Џафери во интервју за емисијата 24 анализа.

Нагласи дека е вродено и природно право што го користел мајчиниот јазик и праша што ќе било ако користел некој друг јазик како англискиот или францускиот.

-Тоа не може никој да ми го попречи. Јас го почитувам целосно законот. Не дозволив таму да се случи нечија фешта затоа што суштината беше да бидеме пред Европски парламент, а не на нечија фешта. Затоа решив да зборувам на албански, а не на македонски јазик и убеден сум дека беше ОК што се обратив со природното право. Состојбата после е дополнителен аргумент за сето тоа, потенцира претседателот на Собранието и додаде дека постфестум имал реакции на АФЕТ каде имало и претставнци од сите земи-членки на ЕУ.

Истакна дека е подготвен да одговара пред сите институции во случај на кривична пријава поради прекршување на Уставот и посочи дека ќе го употребува мајчиниот јазик кога и каде да е потребно и тоа, според него, не подлежи под никаква санкција.

-Сум покажал досега дека соодветно одговарам на сите институции во оваа држава, рече Џафери.

Во врска со резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за црвените линии во преговорите со Бугарија, порача дека сè уште не ја примил официјално, како ни интерпелацијата за неговото работење која, како што кажа, сè  уште е на превод. Ако резолуцијата ги исполнува условите, рече,  ќе се најде на дневен ред во Собранието.

-Официјално не сум го примил документот и не знам што пишува. Основ за мене е тоа што ќе го примам во соодветна процедура како официјален документ, а не во медиуми. За мене официјално е кога ќе го добијам на маса, и според Деловникот ќе дадам став, истакна Џафери.

За локалните избори вели дека ќе ги распише кога ќе им дојде време, односно максимум 90 дена пред истекот на мандатот на акутелните градоначалници, а минимум 70 дена пред денот за гласање.

-На 30 јули верувам дека ќе ги имаме сите податоци и елементи  по однос на роковите и роковниците и во координација со Државната изборна комисија ќе ги дефинираме роковите од кои не смее да се излезе, рече Џафери.

извор: МИА
Next Post

Колин Фарел со тага проговори за бездомништвото во Лос Анџелес

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk