ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев на „Економист“: За нас нема алтернатива освен ЕУ

July 9, 2021 10:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

За нас не постои друга алтернатива, освен ЕУ иднината, сакаме да ги европеизираме нашите земји, Скопје, Приштина, Белград, Тирана, Подгорица и Сараево, сите ние сакаме во внатрешноста да ги почувствуваме придобивките, рече претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев за време на неговото учество на конференцијата на „Економист“ и додаде дека „ние сме како остров опколен од ЕУ земји и потребна е унификација на Унијата“, јави дописничката на МИА од Атина.

Во рамките на „25-та тркалезна маса со грчката Влада“ што оваа година е на тема: „Од социјално дистанцирање до социјална солидарност“, премиерот Заев, утрово учествуваше на панел дискусија за зајакнување на соработката и солидарноста во Југоисточна Европа, за проширувањето на ЕУ, за трговијата и инвестициите како и за иницијативите за мир и подобро разбирање

Премиерот Заев во неговото обраќање ја истакна важноста на регионалната и економската соработка, особено за време на пандемијата и предностите и придобивките кога земјите работат заедно, ги истакна можностите што нашата земја ги нуди за инвестиции, а се задржа и на договорот што денеска ќе се потпише меѓу двете земји за интерконекторот за природен гас.

-Тоа е многу голем проект, околу 100 милиони евра. 54 милиони евра се во Северна Македонија. Тоа е интерконектор за природен гас што отвора огромна можност, не само за Северна Македонија, туку и за Србија, за Косово, за Западен Балкан, што конечно ќе донесе диверзификација на природен гас, објасни Заев и истакна дека нашата земја „станува енергетски коридор за земјите од Западен Балкан“.

За европската перспектива, објасни дека Северна Македонија 16 и пол години е земја кандидат за членство, Договорот за стабилизација и асоцијација беше потпишан по Словенија и пред Хрватска и истакна дека нема простор за фрустрација, но и нема алтернатива за регионот.

-Од Европската Унија, 12 пати имаме потврда дека 100 отсто ги исполнуваме критериумите што се неопходни за интеграција во ЕУ, истакна Заев и додаде дека за одредени реформи, како што се во судството, сме подобри од некои земји од Унијата.

Премиерот истакна дека Северна Македонија, но и другите земји од регионот ја следат европската агенда, како околу климатските промени, така и зелената енергија и изрази задоволство за инвестицискиот план на ЕУ за Западен Балкан во висина од девет милијарди евра.

-Сега се обидуваме да отвориме нови зелени коридори со нашите соседни земји и многу сум среќен бидејќи Грција е првата земја што ги отвори овие зелени линии со нас, како земја членка на Европската Унија, бидејќи ние сме опколени од земји членки на ЕУ. Ние сме како остров во средина. И многу сум благодарен што премиерот Мицотакис го направи првиот чекор да го отвори првиот грчки коридор и да ги охрабри другите земји членки да го следат неговиот пример, примерот на Грција, рече Заев.

Закрепнувањето на Северна Македонија, но и генерално на Западен Балкан, овој период е видливо, истакна Заев, говорејќи за економијата и за инвестициите и додаде дека „конечно се враќаме на позитивни стапки на раст“.

-Очекуваме, во првата половина од 2021 година да има раст меѓу 5,5 и 6,5. Што е нешто повеќе и од просекот во земјите од Европската унија и нè охрабрува уште повеќе да привлекуваме инвестиции, рече премиерот.

Паралелно се задржа и на инвестициите како во регионот, така и во нашата земја, додавајќи дека „развиваме алатки за привлекување инвестиции“, особено за време на пандемијата и ги претстави условите за инвестиции во Северна Македонија.

Дополнително потенцираше дека само за време на пандемијата имало пет нови инвестиции.

-Сакам да истакнам дека сѐ што се случи во Северна Македонија, на економски план, особени по Договорот од Преспа е многу видливо, порача премиерот.

Говорејќи за пандемијата, Заев рече дека се покажало колку е важно земјите да си помагаат, да соработуваат, не само со размена на искуства поврзани со здравствениот систем, туку да има и економска соработка и „како да ги преживееме овие месеци“.

Сепак, Заев истакна дека и покрај пандемијата потребно е да не се заборави на економијата.

-Овде, на Западен Балкан развивме многу практични алатки како да соработуваме заедно, заедно со балканските земји што се членки на Европската Унија и солидарноста беше видлива, дури и повеќе отколку пред пандемијата. Си помагавме дури и со вакцини. Како што знаете, балканските земји, особено земјите од Зааден Балкан што се кандидати за членки во ЕУ, немаат доволно вакцини, рече Заев и  додаде дека првите вакцини дојдоа од членките на Унијата.

Премиерот Заев, заедно со амбасадорот на САД во Атина Џефри Пајат, како што јави дописничката на МИА од Атина, денеска ќе присуствуваат на потпишувањето на Договорот меѓу Владите на Северна Македонија и Грција за развој на интерконекцијата за пренос на природен гас.

Договорот ќе го потпишат министерот за економија на Северна Македонија Крешник Бектеши и министерот за животна средина и енергија на Грција Костас Скрекас.

Next Post

Османи денеска и утре на Дубровник Форум

Shortcut

Најново

Од ладна резерва до рекордна добивка: Што се случи со ТЕЦ „Неготино“ во кризата?

August 30, 2026

ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

August 30, 2026

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk