ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Донација од Кина за поликлиниката „Шуто Оризари“

July 15, 2021 14:42
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, Амбасадата на Народна Република Кина во земјава донираше 1,6 милион денари  на ЈЗУ Здравствен дом Скопје за поликлиниката „Шуто Оризари“. Средствата се наменети за РТГ Кабинет, опремување со медицински мебел и реконструкција на покривот на поликлиниката.

По тој повод, претседателот Пендаровски, амбасадорот на Кина, Џанг Ѕуо, и претставници на ЈЗУ Здравствен дом Скопје денеска ја посетија поликлиниката „Шуто Оризари“. Посетата е завршна фаза од оваа активност по потпишувањето на меморандумот за соработка и реализацијата на донацијата.

Како што соопшти Кабинетот на Претседателот, Пендаровски истакна дека при денешната посета на поликлиниката „Шуто Оризари“ имале чест на самото место да ја видат донацијата од Народна Република Кина за Република Северна Македонија и конкретно за оваа општина која, како што наведува во соопштението, според сите стандарди во делот на здравствената заштита е подолу од тоа што е градски или републички просек.

– Кога минатата година првпат со господинот амбасадор започнавме да размислуваме каде најдобро би можело да се употреби нивната донација, не ни требаше многу време за да утврдиме дека поликлиниката „Шуто Оризари“ е една од првите која треба да добие таква помош за граѓаните на оваа општина да имаат ниво на здравствена заштита еднакво како сите други граѓани кои живеат во другите општини на државата. Ви благодарам уште еднаш. Ова не е единствената донација која неговата држава ја направи кон нашата држава. Во време на пандемија добивме во неколку наврати медицинска опрема, заштитни маски и други работи. Јас се надевам дека ќе продолжиме во таа насока да соработуваме, рече претседателот Пендаровски.

Кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо истакна дека за време на денешната посета на одделите за имунизација, одделот на дежурната служба и рентген-кабинетот, имал можност да разговара со вработените медицински лица и подвлече дека е задоволен што се забележува значително подобрување на условите во оваа здравствена установа.

– Претседателот Пендаровски придава големо значење на билатералните односи меѓу Кина и Северна Македонија и одржува пријателски размени со кинеските лидери. Неговата екселенција се сретна со кинескиот државен советник и министер за одбрана Веи Фенгхе во март годинава. Од избувнувањето на Ковид-19, претседателот Пендаровски активно ја промовира соработката меѓу нашите две земји во борбата против пандемијата и промовира пријателски размени со цел корист на народот и продлабочување на традиционалното пријателство меѓу Кина и Северна Македонија, рече амбасадорот Ѕуо.

Директорот на ЈЗУ Здравствен Дом Скопје, Виктор Исјановски,  истакна дека со оваа донација ќе се зголеми нивото на здравствена заштита во овој дел на Скопје, конкретно на граѓаните коишто гравитираат во оваа поликлиника.

– Пред сé, донацијата се однесуваше на превентивата, примарната здравствена заштита и делот на специјалистичката служба каде што првпат после толку години ќе се отвори и РТГ-кабинетот за граѓаните да може да дојдат да се снимат, со цел тие здравствени услуги да не мора да ги прават во пооддалечените поликлиники, нагласи Исјановски.

Од Кабинетот на Пендаровски посочуваат дека донацијата е поттик за натамошно изнаоѓање  системски решенија за предизвиците со кои се соочува оваа поликлиника, како и дел од здравствените установи во општините со поголем процент на ромско население, од аспект на медицински кадар, опрема и соодветни просторни услови, како и за постојано вложување во здравствениот систем и овозможување квалитетни здравствени услуги на сите граѓани подеднакво.

извор: МИА

 

Next Post
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Пратениците дебатираат за намалувањето на ДДВ-то за струјата

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk