ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

МТСП: Интензивно ги унапредување на правата на лицата со попреченост, заеднички ги креираме сите политики, отворени сме за дијалог со сите

July 20, 2021 15:46
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во врска со денеска најавениот протест на неколку здруженија на лица со посебни потреби информираме дека инклузијата на лицата со попреченост е  врвен приоритет на Министерството за труд и социјална политика и за таа цел преку повеќе проекти работиме на унапредување на правата и положбата на лицата со попреченост.

Речиси сите проекти се креирани врз основа на тесната соработка со невладиниот сектор, а во дел од нив граѓанските организации и здруженија се јавуваат и како даватели на услуги, со единствена цел социјалните услуги да бидат поблиску до граѓаните.

Само во изминатите десет месеци Министерството за труд и социјална, преку законски измени, ја намали возрасната граница за стекнување на правото на личен асистент од 18 на 6 годишна возраст. Тоа значи дека секое дете со потешка и најтешка физичка попреченост или потполно слепо дете ќе може да добие личен асистент, со што го поттикнуваме личниот и образованиот  развој на децата и им помагаме на родителите во секојдневната грижа за нив.

Мината недела беше промовирана апликацијата за слепи лица -Аудио читач која беше подготвена во тесна соработка со Националниот сојуз на слепи лица.

Министерството за труд и социјална политика работи и на имплементација на Меѓународната класификација на функционалност која ќе овозможи сеопфатен преглед на можностите и способностите на секое дете со попреченост, како и на потребната социјална, образовна или друг вид на поддршка за унапредување на целокупниот развој на личноста.

Врвен приоритет за вклучување на лицата со попреченост во општествените текови на животот МТСП е и инклузивноста уште од  предучилишното образование,  поради што само во текот на 2021 година, отворени се вкупно 13 градинки кои ги задоволуваат сите стандарди за физичка пристапност и престој на деца со попреченост.

Во 24  општини во земјава во завршна фаза се подготовките за воспоставување на услугите помош и нега во домот, центри за дневен престој и услуга за рехабилитација и реинтеграција, наменети за 900 корисници.

Наскоро ќе биде отворен и Центарот за одмена на семејната грижа во Демир Капија со капацитет од 250 корисници годишно,  во кој семејствата кои се грижат за членови со попреченост добиваат можност за одмор  во времетраење од 15 денови годишно.

Продолжува и процесот на деинституционализација, во  текот на април беа формирани два дома за живеење со поддршка за девет поранешни корисници на Специјалниот завод Демир Капија, а во завршна фаза се подготовките за нови четири дома за живеење со поддршка за лица со интелектуална попреченост кои во моментов се сместени во институциите.

Во март оваа година го отворивме Дневниот  центар за деца со попреченост од 14-26 години во  Топанско поле, а уште два Дневни центри во Делчево и Липково се во фаза на подготовка.

Со оглед на тоа дека интересот за целосна инклузија и унапредување на правата и положбата на лицата со посебни потреби е заеднички, Министерството за труд и социјална политика, како и секогаш, е отворено за разговор со претставници на организаторите на протестите најавени за денеска.

Next Post

Теренската вакцинација продолжува утре во 55 населени места

Shortcut

Најново

Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

КУРШЛУС: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Хан Соло Џуниор (Илустрација: ChatGPT/OpenAI – FRONTLINE.MK)

Чалам на виткање, карактер на расклопување

September 19, 2026

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан – Белград и Сараево одложени по изборите

September 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk