ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: 27,5 отсто од граѓаните примиле барем една доза на вакцина, просечната плата зголемена за 2.331 денари, родители и полицајци заедно во патроли

July 20, 2021 18:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Континуирано расте просечната исплатена нето плата во државата. Согласно податоците на Државниот завод за статистика, во мај годинава просечната месечна исплатена нето плата по вработен изнесува 28.721 денари.  Во однос на мај 2020 година, регистрирано е зголемување од 8,8% или 2.331 денари за една година.

Барем една доза вакцина примиле 27,5 отсто од граѓаните, најголем процент вакцинирани во Кавадарци, Охрид и Гевгелија

Теренската вакцинација продолжува и утре во 55 населени места. Од Министерството за здравство посочија дека секојдневно ќе информираат преку соопштенија за денот и местата за теренско вакцинирање за Ковид 19.

Во последните 24 часа се направени 3.219 тестирања, а регистрирани се 21 нови случаи на КОВИД-19. Пријавено е 1 починато лице од Скопје (56г) во болнички услови.

АНАЛИЗА: Кога Мицкоски ветува пари за граѓаните, дали мисли на украдените милијарди или на препишаните проекти?

Мешани патроли од родители и полицајци ги посетија местата каде што излегуваат младите во Охрид и Струга. Во рамките на кампањата, полициските службеници разговораа со младите и легитимираа повеќе гости во угостителските објекти, а малолетните лица посебно беа информирани околу законските обврски кои мора да се почитуваат.

Инклузијата на лицата со попреченост е врвен приоритет на Министерството за труд и социјална политика и за таа цел преку повеќе проекти работиме на унапредување на правата и положбата на лицата со попреченост, информираат од Министерството во во врска со најавениот протест на неколку здруженија на лица со посебни потреби.

Бочварски-Момировиќ: Зајакнување на добрососедските односи и заеднички економски развој се иднината на земјите од Западен Балкан.

Милијардерот Џеф Безос успешно полета и престојуваше во Вселената, со првиот свој лет преку неговата компанија „Блу ориџин“. Слетувањето по првиот нивен лет со човечки екипаж, мина без никакви проблеми.

Се конкретизира соработката меѓу Министерството за култура и Јадро – Асоцијација на независната културна сцена со план на активности и препораки од суштинско значење за вонинституционалниот културен сектор.

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари проштална средба со амбасадорот на Израел во земјава, Дан Орјан, на која беше заклучено дека Северна Македонија и Израел негуваат блиски пријателски односи коишто се засновани на меѓусебна доверба и почит.

Спасовски: Во 2020 година имало само 125 жртви во сообраќајки, а тоа е најмалата бројка од 1990 година, набавени радари за работа ноќе.

Болидот со кој британскиот Формула 1 возач – Луис Хамилтон победи на трката за Големата награда на Турција во 2010 година, е продаден за 4.386.000 британски фунти.

Ј. Ѓ.

 

 

Next Post

Нуредини: Неопходна е поддршката на развиените земји за праведна транзиција на земјите во развој

Shortcut

Најново

Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

July 30, 2026

Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

July 30, 2026

СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

July 29, 2026

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk