ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Лекарска комора: Лекарите мора да бидат безбедни на работните места

July 29, 2021 15:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Лекарската комора на РСМ истакнува дека лекарите и здравствените работници мора да се чувствуваат безбедно и да бидат безбедни на своите работни места, бидејќи само така ќе може да се вложат со целосен капацитет во лекување на пациентите и унапредување на здравствениот систем. Во таа насока ја истакнуваме важноста на  одлуката за измени на Кривичниот закон со кои напад или посегнување по животот на лекар или на здравствен работник се смета за напад на службено лице и се казнува како кривично дело. Овие дела се групирани во неколку категории за кои се предвидува различна висина на затворска казна. Досега нападот на здравствените работници се казнуваше како прекршочно дело за што постоеше парична казна.

Лекарската комора во соработка со надлежните институции подолго време работи на подготовка на измени на законската регулатива со кои се регулира ова прашање. Во досегашните фази беа направени измени на Законот за здравствена заштита со кои на лекарите им се даде статус на службени лица, а со поврзување на овој закон со Кривичниот закон процесот комплетно се заокружува.

Лекарите и пациентите се дел од заедничка целина и само со взаемен однос на доверба и меѓусебно почитување ќе може да се стигне до реализација на целите и потребите на двете страни. Веруваме дека пациентите ќе го препознаат искрениот и стручен пристап и желбата да им помогнат која ја негуваат и на која се обврзани лекарите и здравствените работници, а за сите исклучоци решение ќе се бара преку институциите на системот, а не преку насилство.

Лекарската комора изразува и поддршка за најавата на Министерството за здравство со законски измени да се регулира правото на вршење дополнителна дејност за сите лекари во јавните и приватни здравствени установи. Веруваме дека доколку оваа идеја соодветно и добро се имплементира ќе создаде можност за дополнителна работа и заработувачка на докторите со што нема да постои потреба за заминување во странство. Бенефит ќе има и за пациентите кои потребните здравствени услуги ќе може да ги добијат во местото каде што живеат и нема да има потреба да трошат време и средства на патување.

Лекарската комора како стручно и независно здружение кое ги застапува и штити интересите на докторите и во наредниот период ќе продолжи да работи на унапредувањето на нивната положба во општеството, остварување на права согласно општествениот придонес кој до даваат, како и на зајакнување на довербата на релација пациент-лекар.

Next Post

Лајк

Shortcut

Најново

Избори во Србија – остри кампањи, Вучиќ ја врзува опозицијата со „странски служби“, студентите со кампања од врата до врата

October 4, 2026
Броила (фото: Електродистрибуција)

ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

October 4, 2026

31 година од атентатот врз Киро Глигоров: Сторителите и нарачателите сè уште непознати

October 3, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градот останува, животот исчезнува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен во Скопје: Има ли Мицкоски нешто ново да ѝ каже?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk