ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Скопје чека соговорник во Софија

July 31, 2021 09:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Скопје очекува наскоро да се формира новата Влада на Бугарија и да продолжат разговорите за надминување на бугарското вето за интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ. Македонската страна вели дека е конструктивна, подготвена да влезе во сериозен дипломатски ангажман за да се надминат разликите, но оти за тоа ќе мора да се почека, зашто реално во моментов нема нема соговорник од другата страна.

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи вчера изјави дека се надева на интензивирање на разговорите по формирањето на новата влада во Софија по 15 август со цел да се направи евентуален пробив уште во септември.

– Доколку има политичка волја да се реши ова прашање што негативно влијае и на позициите на Бугарија воопшто, мислам дека може да се најде начин, а германското и португалското претседателство покажаа дека има решение. Тие предлози ги презеде словенечкото претседателство и се надеваме дека штом се формира влада после 15 август ќе можеме интензивно да се ангажираме за евентуален пробив уште во септември. Меѓутоа, не сакам притоа да ги кренам очекувањата на јавноста по однос на ова прашање. Тоа што ние работиме ние сме конструктивни, подготвени да влеземе во сериозен дипломатски ангажман за да ги надминеме разликите во рамки на позициите коишто ги има државата, кои уште еднаш се потврдија во Собранието, рече Османи.

Според Османи, важно е да се создаде политичка предвидливост во Бугарија, бидејќи тоа се покажало како клучно во понатамошниот прогрес на разрешување на разликите. Вели дека има комуникација со техничката влада во Софија по однос на одредени прашања во делот на одржување на втората меѓувладина комисија и дефинирањето на патоказот, меѓутоа сепак ќе зависи од тоа дали ќе има политичка влада во Бугарија.

– Откако ќе се формира владата тогаш ќе ги слушнеме кои се позициите на новата политичка влада по однос на ова прашање. Меѓутоа едно е јасно, и во интерес е на Република Бугарија ова прашање да се реши. Ниту Бугарија верувам не сака да биде во позиција да го блокира целиот регион и европската перспектива на регионот со сите последици коишто може да ги има блокирањето на тој процес во регионот, дециден е Османи.

И шефот на државата Стево Пендаровски не очекува во престојниот период да има некои поголеми промени во однос на спорот со Бугарија, со оглед на тоа што земјава реално во моментов нема соговорник од другата страна, бидејќи Софија се уште нема формирано Влада. Уше повеќе, што не е исклучена можноста во Бугарија да има и трети парламентарни избори.

За резолуцијата за „црвените линии“ во преговорите со Бугарија, која завчера ја усвои Собранието, Пендаровски не смета дека е штетна, туку напротив дека ја дефинира нашата позиција и не е воопшто навредлива, каква што е резолуцијата на бугарскиот Парламент.

За изгласаната резолуција во македонското Собрание, вчера со реакција се огласи бугарското МНР.

– Министерството за надворешни работи изразува разочарување од Резолуцијата на Собранието на Република Северна Македонија донесена на 29 јули 2021 година и со жалење забележува дека овој чин доаѓа во време кога билатералниот дијалог меѓу Софија и Скопје, како резултат на долгорочните напори, почна да преминува во попозитивна и ветувачка фаза, стои во реакцијата.

Бугарија го очекува објавувањето на Резолуцијата за да може внимателно да ја анализира нејзината содржина во однос на нејзината компатибилност со потпишаниот и ратификуван од Собранието на Република Северна Македонија Договор за пријателство, добрососедство и соработка, од 2017 година, како и потенцијално влијание на овој документ врз досегашниот дијалог.

– За Бугарија би било целосно неприфатливо преку такви акти да се мотивира или оправда неисполнување на Договорот за добрососедство и соработка од 2017 година, што е во спротивност со водечките принципи на меѓународното право. Единствениот правилен пат за изнаоѓање одржливи и заемно прифатливи решенија за тековните предизвици во нашите односи е строго почитување на постигнатите договори и преземените обврски, нивна ефикасна и совесна имплементација, како и поддржување искрен и целосен дијалог, се вели во соопштението од бугарското МНР.

Во меѓувреме, во Софија е објавено дека пратеникот Пламен Николов е кандидат за премиер на „Има таков народ“, која освои најмногу гласови на последните парламентарни избори. Тој доби мандат за формирање влада од бугарскиот претседател Румен Радев.

– Како резултат на изборите на 11 јули оваа година, имате одговорност да го добиете првиот мандат. Луѓето гласаа за вас со очекување да го консолидирате фронтот на промени против неуспешниот корупциски модел на власт. Време е да сфатите како и со кого. Бугарите ги очекуваат вашите предлози за кабинет во рокот утврден со Уставот, рече претседателот на Бугарија Румен Радев при предавањето на мандатот.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, освен што е член на 46. Народно собрание, Пламен Николов има докторат по филозофија на право, политика и економија. Дипломирал на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“.

Тој има над 15 години искуство во развој на деловна активност и управување со проекти. Работел со големи клиенти како Амазон, Вигл, Интерспорт, Спортона и пливачки федерации.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фотомонтажа: Фронтлајн

Што им кажа Слот на играчите на Ливерпул – како да продолжат по смртта на Жота?

July 13, 2025

Љубиша Арсиќ во интервју за Трн: Плажата „Оревче“ е израз на моето постоење

July 13, 2025

Објавена причината за смртта на актерот Џулијан Мекман

July 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барселона сака да се „ослободи“ од двајца играчи, тие не сакаат да заминат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двојно убиство и самоубиство во Прилеп, убиецот ги убил внукот од сестра и неговиот син, па се самоубил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Престана со работа „Ал Џезира Балканс“, во 12 часот емитувани последните вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk