Македонскиот атлетичар Јован Стојоски имаше солиден настап на квалификациите на 400 метри на Летните олимписки игри во Токио. Тој во четвртата квалификациона група го освои седмото место со резултат 46.81, подобрувајќи го со тоа личниот рекорд за една стотинка. Во неговата група трчаа и светскиот рекордер Вајд ван Никерк од Јужна Африка и еден од најголемите фаворити за златен олимписки медал, Колумбиецот Замбрано.
Од вкупно 48 натпреварувачи, Стојоски на крајот го освои 38-мото место. Овој резултат може да се смета за успех, имајќи во предвид дека пред олимпијадата само двајца имаа послабо време од неговото.
А. Лукароски