Со финалните натпревари во три категории во грчко – римски и слободен стил денеска на Олимписките игри во Токио почна распределбата на медали во борење.
Прво олимписки победници станаа Германката Алин Ротер Фокен (76 килограми), како и Кубанците Луис Орта (60 кг) и Михаин Лопез, кој го освои својот четврти златен медал во серија на Олимпијадите.
Слободен стил – жени (категорија до 76 килограми)
Алине Ротер Фокен (Германија)
Аделин Греј (САД)
Јасемин Адар (Турција)/Ксијан Жоу (Кина)
Грчко – римски стил – мажи (до 60 кг)
Луис Орта (Куба)
Кеничиро Фумита (Јапонија0
Сергеј Јемелин (Русија)/Салике Валихан (Кина)
Грчко – римски стил – мажи (130 кг)
Михаин Лопез (Куба)
Јакоби Кајаија (Грузија)
Риза Кајалп (Турција)/Сергеј Семјонов (Русија).
извор: МИА