Европскатa Унија ќе испрати помош од возила и капацитети кои ќе помогнат со справувањето на пожарите на територијата на земјава. Ова на Твитер го објави Јанез Ленарчиќ, шеф на европската Комисија за управување со кризи, а пренесе ТВ21.
„ЕУ испраќа капацитети во Грција и Северна Македонија како поддршка на локално ниво.
Помошта доаѓа од Шведска, Франција, Австрија, Бугарија и од ЕУ“, напиша Ленарчиќ.
Помош за Македонија пристигна и од Словенија денеска, во справување со пожарите во источниот дел од земјава. Србија испрати хеликоптери со кои се гасат пожарите во кризните подрачја.