Британската полиција уапси 11 лица кои ги навредуваа играчите на Англија, Букајо Сака, Маркус Рашфорд и Џејдон Санчо по финалето на ЕП 2020 против Италија.
Од илјадниците навредливи пораки објавени на социјалните мрежи, 123 се од профили на луѓе кои не се од Велика Британија.
– Има луѓе кои мислат дека можат да се кријат зад профилот на социјалните медиуми и да објавуваат такви одвратни коментари неказнето. Треба повторно да размислат – имаме истражители кои активно бараат навредливи коментари во врска со овој натпревар, и ако се утврди дека се прекршување на законот, тогаш и други луѓе што ги објавиле ќе бидат уапсени. Нашата истрага напредува со добро темпо и ние сме благодарни на луѓето што не информираа за расистичките објави, изјави истражителот Марк Робертс.
Букајо Сака, Џејдон Санчо и Маркус Рашфорд преку Твитер и Инстаграм добиле повеќе од 12.500 расистички навреди по финалето на Европското првенство.
Трите англиски црномурести репрезентативци ги промашија последните три пенали против Италија, по што започнале да добиваат навреди.