Жител на тетовска Стримница пријавил дека на негово име некој направил лажен ПЦР-тест за откривање Ковид-19. Ја известил приватната здравствена установа од каде е пријавено и во тетовската полиција.
-Во СВР Тетово од приватна здравствена установа во Тетово било пријавено дека И.М.(35) од тетовско Стримница кај нив донел фалсификуван ПЦР-тест на негово име.
По извршените проверки било утврдено дека е фалсификуван, односно под бројот и датумот на издавање кај нив било заведено друго лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат денеска од СВР Тетово.