Гори ресторанот „Рагуза“, кој е над катната гаража „26 Јули“. Гори катната гаража над „Тинекс“ на улица Мито Хаџивасилев Јасмин.
Гори Рагуза, катна гаража над Тинекс (пред Рамстор, центар) pic.twitter.com/zq6ikv146q
— EnciklopedijaMK (@EnciklopedijaMK) August 7, 2021
Ресторанот „Рагуза“ е сместен во катната гаража над „Тинекс“ во центарот на Скопје наспроти управната зграда на „Макпетрол“. Пожарот избувна доцна вечерва, а на терен веќе се присутни повеќе противпожарни возила меѓу кои и новото протипожарно возило со скала од каде пожарникарите го гаснат огнот.
Според СДК.МК, пожарот на отворениот ресторан „Рагуза“ избувнал среде свадба со гости.
Нема официјална информација дали има повредени, односно дали гостите навреме успеале да се симнат, зашто како што забележа САКАМДАКАЖАМ.МК, пламенот вивна за неколку секунди и беше со голема зафатнина.







