ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Пожар што не се гаси со вода

August 12, 2021 20:18
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Се запалија шумите низ целата земја, како и секоја година, насекаде низ светот. Дрилот е познат. Волонтерите во заднинските и пожарникарите во првите линии ги ризикуваат своите животи за да ги изгаснат пожарите. Тука се и стотиците војници и полицајци кои од првиот ден излегоа на фронтот.

ПОЖАРНИКАРИТЕ ВО СВЕТОТ СЕ СЛАВАТ КАКО ХЕРОИ

Во светот, јавноста ги прогласува пожарникарите за херои. Филмаџиите прават документарни и играни филмови за нив.

Владите и институциите преку кризни штабови, ги санираат последиците од пожарите и преземаат мерки за едукација и превенција. Јавноста никогаш не е целосно задоволна, колку и да се успешни институциите, но никогаш не изостануваат ниту позитивните оценки и поддршката за добрите чекори.

Се запалија и македонските шуми. За жал, спомениците и стиропорните фасади не се обучени да тргнат во борба против огнената стихија. Но тоа што сигурно имаме се храбри и пожртвувани пожарникари, какви-такви ретро возила и опрема, но и искрени пријатели од регионот и Европа. Сите поитаа на огнениот фронт и, за среќа, без жртви и успешно ја совладуваат наездата на огнот.

ЗАТРУЕНА ЈАВНОСТ

Македонската затруена ФБ-ориентед јавност се подбива со пожарникарите и со нивната опрема, ги плука владата, општините и институциите, а Мицко-хидро-кафана-теретана и неговите помали лево-десни братчиња и сестрички од македонскиот политички подрум прават сè за да ќарат некој предизборен политички поен врз грбот на оние што се борат со пожарите.

Нема да прави пи-ар, вели, од пожарите, а прв трча да се слика пред камерите, како носи пакети со вода. Виде дека му се удри од глава кога се појави само со едно шише од пола литар, па се качи божем да дели пакети од камион. И ете, уште една илустрација за тоа како се поделени политичките сили во нашата земја.

ПОЛИТИЧКИ ПИРОМАНИ

На една страна се храбрите пожарникари, волонтери и луѓето од институциите. Тие се придружени од армијата и полицијата. Се служат со нашата домашна механизација и опрема, застарена, но функционална. Тие 30-40 години стари ФАП-ови камиони кај некои побудија дури и гордост и носталгија, дека сè се може кога се сака.

И напомош ни дојде цела армија пожарникари со нивната модерна механизација од Австрија, Словенија, Србија, Бугарија и други наши соседи и пријателски земји. Му текна ли некому да се запраша дали нашата земја ќе добиеше ваква регионална и меѓународна помош, да останеше онаква, никаква, заробена, затворена и изолирана како што беше до пред четири години?

На другата страна се политичките пиромани, како што веќе ги нарекува дел од јавноста. На огромната машинерија покрената од државата, заедно со огромната помош од странство ѝ се спротивставија со огнот на омразата, лагите и по некое камионче со пакети вода за сликање.

СО ДЕЗИНФОРМАЦИИ ДО ПОЛИТИЧКИ ЌАР

Видовме како се запалија планините, видовме и како се гасат. Со енергична акција, со пожртвуваност на нашите најголеми херои, пожарникарите, како нашите, така и странските, со нашите војници и полицајци, со волонтерите – извесно е дека ќе однесеме победа над огнот. Тие пожари ќе згаснат, дрвјата ќе пораснат, штетите ќе се надоместат.

Видовме и како се палат политичките пожари. Дел од политичарите, оние што постојано ги гледаме како остануваат покрај шините, ја искористија и оваа неволја што ја снајде нашата земја, па поитаа да ќарат по некој предизборен поен во јавноста.

И наместо да направат нешто навистина корисно во овие тешки мигови, арамиите од политичкиот подрум измислуваат и шират дезинформации. Само во еден ден излегоа со најмалку две дезинформации, онаа со стари слики од Пакистан, божем кај Пехчево, и уште погрдата кампања за украдена моторна пила и водна пумпа од австриските пожарникари. И тоа, се разбира, ѝ се припишува на владата. Што значи дека ниту еден нивни човек не е на терен, на фронтот со огнот.

Разумен човек би рекол, кога веќе се толку мрзеливи и неспособни, тогаш барем да молчеа, да не одмагаат. Но кому да му се каже? Таков пожар, едноставно, не се гаси со вода.

 


Creative Commons 4.0: преземањето е слободно, со атрибуција: линк до изворот, име на Авторот.
Next Post
Фото: МИА

Симовски: Ни требаат уште попишувачи, конкурсот е отворен

Shortcut

Најново

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk