ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Филипче:Со бројки ја докажуваме ефикасноста и ефективноста на вакцините

August 16, 2021 21:14
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Вакцинацијата е единствениот механизам и спас ние да излеземе од оваа криза истакна вечерва министерот за здравство д-р Веко Филипче во интервју во вестите на телевизија Сител.

Битно е да се вакцинираат граѓаните тоа го покажува и бројот на новодијагностицирани случаи. Од нив, само мал процент се вакцинирани, исто е и со бројот на хоспитализирани кои се во прилично стабилна здравствена состојба. Најбитно од се, за 20 пати е намален ризикот од смртен исход доколку се зарази некој кој е целосно вакциниран. Тие принципи се наметнуваат во целиот свет. Сите сме свесни дека тоа е единствениот начин да излеземе од пандемијата, да го вратиме назад животот. Гледаме во некои земји каде е поголем опфатот на вакцинација има и масовни собирања, иако има зголемен број на новодијагностицирани случаи, Велика Британија на пример, нема оптеретување на болниците – рече Филипче.

Министерот објасни дека кај нас имаме една специфична ситуација, односно оптеретени се болниците во градовите каде има мал процент на вакцинирани граѓани како Тетово, Гостивар, Куманово каде процентот на вакцинирани граѓани е до 23% од вкупнот број на населението таму. Во градовите каде вакцинацијата на населението достига и над 47-48% до 50% како Битола, Штип, Охрид во болниците нема таков притисок, што значи дека  има и докази дека вакцините даваат резултати, истакна Филипче.

Се докажува и ефикасноста, на 1 милион дадени дози ние немаме некој посериозен несакан ефекти од вообичаените несакани ефекти, црвенило, еден до два дена покачена температура и исклучително мал број луѓе од 500 илјади веќе кои се новодијагностицирани и заразени. Верувам дека овој сет на мерки кои ги препорачуваме се со цел да се зголеми опфатот на вакцинација, но и да се спречи ширењето на вирусот – рече министерот Филипче.

Next Post

Вечерен преглед: Со бројки ја докажуваме ефикасноста и ефективноста на вакцините, новите мерки за влез во државата ќе почнат за десетина дена

Shortcut

Најново

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk