ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Новите мерки за влез во државата ќе почнат за десетина дена

August 16, 2021 20:51
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Ни утре, ни задутре нема да почнат новите мерки за влез и излез од државата. Ќе дадеме разумен рок – дали тоа ќе биде една недела или десетина дена, ќе соопштиме утре. Имаме предвид дека многу од нашите граѓани се на одмор, а други допрва треба да одат. Не сакаме да им предизвикаме дополнителен финансиски трошок, рече вечерва министерот за здравство, Венко Филипче.

Во гостување на ТВ Сител, Филипче објасни дека и странските државјани и нашите, ќе треба да приложат PCR тест не постар од 72 часа, сертификат дека ја прележале болеста стар 45 дена или потврда дека се вакцинирани. Притоа, за децата нема да важи задолжителен PCR тест.

Филипче повтори дека вакцинацијата е единствениот механизам за излез од корона кризата. Со примени две дози, напомена, за 20 пати е намален ризикот од смртен исход ако некој се зарази.

– Има докази дека вакцината дава резултати, се докажува и ефикасноста. На милион дадени дози нема посериозен несакан ефект освен вообичаено црвенило или покачена телесна температура. Во промили се мерат бројките на вакцинирани, а новодијагностицирани и заразени, истакна министерот и укажа дека се оптоварени болниците токму во градовите каде што е помал опфатот со вакцинацијата како во Тетово, Куманово, Гостивар.

Филипче потенцира и дека подолготраен е имунитетот стекнат со вакцинација и ревакцинација, отколку со прележување.

-Колективен имунитет се стекнува само со вакцинација и докажано е дека е потраен од оној стекнат со прележување на болеста. Битно е и тоа што со вакцинацијата ќе покажеме дека водиме сметка и за другите земји, подвлече Филипче.

Во врска со вчерашните протести, рече дека не можеше да се слушне некаков аргумент за вакцините, ниту за нивната ефикасност или безбедност.

– Слушнавме, за жал, еден куп навреди и закани и кон здравствените работници кои тоа најмалку го заслужуваат зашто изгинаа од работа, деноноќно. Не заслужија некој да ги нарекува убијци. Тоа на ништо не личи. Навистина сум изненаден и разочаран, рече Филипче.

Next Post

Филипче:Со бројки ја докажуваме ефикасноста и ефективноста на вакцините

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk