ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Жени, деца, студенти, миротворци од Авганистан се очекува да пристигнат кон крајот на неделава, дувла на лажни вести шират паника…

August 18, 2021 12:01
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
EPA-EFE/ITALIAN DEFENSE MINISTRY HANDOUT  HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

EPA-EFE/ITALIAN DEFENSE MINISTRY HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Share on FacebookShare on Twitter

Сите наши граѓани се на безбедно, земјава ќе прифати 450 лица од Авганистан. Станува збор за вработени и жени и деца од семејства на вработени во хуманитарните и миротворните мисии, активисти од организациите за човекови права, новинари, преведувачи, студенти, стипендисти, како и граѓани кои изминатите 20 години беа поддршка на НАТО сојузничките сили во Авганистан, вклучително и на македонската армија. Најголем дел од 450-те граѓани кои се очекува да пристигнат до крајот на неделава..

Дали за Мицкоски се убијци докторите и медицинскиот персонал кои го лекуваа додека тој беше заразен од ковид-19?- прашуваат од СДСМ. Наместо да повика на масовна вакцинација, Мицкоски поттикнува протести на кои се напаѓаат здравствените работници и се загрозува јавното здравје, велат од владеачката партија.

Со фотографии од 2018 година дувлата на лажни вести шират паника и манипулираат….И се штанцаат такви гадни реплики на Твитер и Фејсбук од Миленко до Тасевски преку црните анонимни пропагатори и дувла на лажни вести, и , никој кур не го боли што фотографијата со која се манипулира е од Турција од 2018 година, сликана во некој авион што одел не знам каде, од не знам кој, зашто веќе се уморив од пребарување и од соочување, споредување и укажување, да не речам медиумско описменување….коментира Јане Ѓорѓиоски…

Јане Ѓорѓиоски

Лукароски: Додека тие се сомневаат во вакцините, починаа близу пет милиони луѓе во светот…. ⁠Не сакаш вакцина??? ОК, немој да примаш. Ама барем седи дома и МОЛЧИ. Или оди некаде на пуст остров каде што нема да претставуваш опасност за оние што ѝ веруваат на науката…пишува Ацо Лукароски на Фејсбук.

Снајперистот Kовид 19 – Оние кои не веруваат дека сме под вкрстен снајперски оган, еден ден ќе разберат дека ограниченото движење, можеби им го спасило животот, пишува во објавата на Фејсбук д-р Нико Беќаровски.

Свеченост по повод Денот на Армијата. На свеченоста обраќања имаат Претседателот и врховен командант на Армијата Стево Пендаровски, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и началникот на ГШ генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

Активини три пожари кај Раовиќ, Патишка река и Ракле. Пожарот кај село Раовиќ, во Општина Сарај е уште активен и тоа на недостапен терен, кон сртот на планината Осој.

Дождот го стави под контрола пожарот на планината Готен кај струмичко Нивичино. Пожарот зафати букова, дабова и габерова шума, како и лисната маса на поголема површина, а заради непристапноста на теренот отежнато е гаснењето…

Пожар кај Раовиќ (Скопско)

Почнува изградбата на првата јужнокорејска инвестиција во ТИРЗ – Скопје 2. Се работи за реномираните компании, американската „Дура аутомотив системс” и јужнокорејската „Алмак“. Новата инвестиција која се реализира со заедничко вложување на двете компании, во висина од 30 милиони евра за изградба на најсовремен објект каде ќе се одвива напредно производство и склопување на технолошки компоненти за автомобилската индустрија.

На денешен ден е роден уметникот Никола Мартиноски. Тој е еден од основачите и прв директор на Уметничкото училиште во Скопје, а потоа директор на Уметничката галерија. Бил член на Друштвото на ликовните уметници, член на Републичкиот совет за култура.

Деца бегалци од Авганистан – МИА

Велика Британија ќе прифати 20.000 бегалци од Авганистан. Британската министерка за внатрешни работи Прити Пател ги повика ЕУ и другите земји да го следат примерот на Британија.

Талибанците војната во Авганистан ја прогласија за завршена и ветија амнестија за сите, Западот внимателен.
И. Т. З. 
Next Post

(ВИДЕО) „Струмица опен фестивал 2021“, пример за спроведување на Ковид-19 мерките

Shortcut

Најново

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на Албин Курти

August 25, 2026

Филипче обвинува дека власта ја третира државата како плен, Мицкоски возвраќа дека тој е „кукла“ на криминалци

August 25, 2026

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk