ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

Раководството на КФСМ организираше прием за кадетките што го освоија ФИБА Челенџер турнирот во Грузија

August 23, 2021 16:01
in ДЕНЕС, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Златните одличја и трофеите од Т’билиси денеска гостуваа во „Куќата на кошарката“. Женската селекција на РС Македонија за кошаркарки под 16 години ги достави во Кошаркарската федерација трофеите освоени на „ФИБА Челенџер турнирот” што се одржа од 8 до 14 месецов во Т’билиси, Грузија.

„Златните” кадетки имаа одличен настап на турнирот во Т’билиси и остварија четири убедливи победи во дуелите со Малта, Албанија, Ерменија и Грузија, со максимален ефект освојувајќи ги златните одличја.

Раводството на КФСМ предводено од претседателот Перо Антиќ, генералниот секретар, Владимир Георгиевски и спортскиот директор Тодор Гечевски денеска организираше прием за репрезентативките, предводени од селекторот Никола Златев и асистентите Ведран Белешковски и Форка Георгиева.

Од раководството на федерацијата со нескриено задоволство го поздравија постигнатиот резултат и порачаа дека трудот ќе биде награден, а тие да продолжат да работат посветено.

Селекторот Златев не го криеше задоволството од постигнатиот резултат во Грузија.

-Голема благодарност до раководниот тим на федерацијата кој ги препозна сите оние наши желби, очекувања поради кои и ја добивме довербата да работиме со оваа наша, сега веќе, златна селекција. Мислам дека возвративме на тоа на најдобар можен начин. За Т’билиси заминавме без какви било притисоци и резултатски императиви. На турнирот одевме чекор по чекор, макар недоволно запознати со квалитетите на противниците,но откако ја реализиравме првата победа, потоа беше доста полесно. Во исто време можевме да ги скаутираме и другите противници, што ни ја олесни работата во подготовката на наредните натпревари. Доминиравме во секој поглед, и во Т’билиси ни се врати сето ова што го работевме во тие 40 и повеќе денови на подготовките во Скопје, Кавадарци и во Крива Паланка, истакна селекторот Златев.

Тој потенцираше и еден друг важен момент во работењето со ове возрасни категории, пред сè во женскиот сегмент.

– Ова е возраста во која девојките во спортот најчесто се откажуваат, па со заеднички напор, соработка со сите клубови, со федерацијата, со Агенцијата за Млади и спорт, треба да се обидеме да ги задржиме овие таленти, а со правилна работа да ги мотивираме за понатамошно спортување и од нив да направиме квалитетни сениорки, дополни Златев.

Next Post

Биткоинот достигна 50.000 долари, највисоко ниво во последните три месеци

Shortcut

Најново

Избори во Србија – остри кампањи, Вучиќ ја врзува опозицијата со „странски служби“, студентите со кампања од врата до врата

October 4, 2026
Броила (фото: Електродистрибуција)

ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

October 4, 2026

31 година од атентатот врз Киро Глигоров: Сторителите и нарачателите сè уште непознати

October 3, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градот останува, животот исчезнува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk