ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шекеринска од церемонијата на SEEBRIG во Куманово: Епидемијата, поплавите и пожарите не потсетија колку е важно регионалното заедништво

August 26, 2021 13:17
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Епидемијата, поплавите и пожарите не потсетија колку е важно да се продлабочи регионалното заедништво, истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешната церемонија на предавање на претседателството со Процесот на министерска соработка во одбраната во Југоисточна Европа и на одбележувањето на 22-годишнината од формирањето на Бригадата на Југоисточна Европа – SEEBRIG.

На настанот што се одржа во Куманово, а на кој присуствуваат високи претставници од Бугарија, Албанија, Грција, Романија и Турција, министерката Шекеринска порача дека процесот на министерска соработка е одличен форум за регионален дијалог и безбедносна соработка и модел за градење на добри односи меѓу соседите.

Таа им се заблагодари на сите сојузници и пријатели од регионот и пошироко кои, како што рече, несебично ни пружиле помош во справувањето со шумските пожари.

Порача дека по членството во НАТО, како приоритет на земјата останува интеграцијата во ЕУ.

– Сега сме дел од најмоќната воена и политичка Алијанса и сојузници со најмоќните држави на светот. Сакам да нагласам дека нема да застанеме тука бидејќи имаме се уште работа на планот на интегрирањето со ЕУ, рече Шекеринска.

Претседавањето со Процесот на министерска соработка во одбраната го презема Бугарија. Досега со овој процес претседаваше Албанија. Како дел од овој процес, на почетокот на ноември во Скопје ќе се одржи министерски состанок на земјите членки, на кој се очекува да бидат реафирмирани политиките на заедништво и солидарност во справувањето со новите закани и предизвици.

Next Post

Иницијатива за ставање на името и делото на Мајка Тереза под заштита на државата

Најново

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

April 20, 2026

Поповски: Убедлива победа на Радев во Бугарија – „Прогресивна Бугарија“ освои самостојно мнозинство

April 20, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Дневен хороскоп со Анис – 20 април 2026

April 20, 2026

Партијата на Румен Радев, победник на изборите во Бугарија

April 19, 2026

Филипче: СДСМ бара замрзнување на цените и посебни мерки за ранливите категории

April 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk