ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи во Ватикан по повод одбележување пет години канонизација на Мајка Тереза

September 6, 2021 20:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Бујар Османи присуствуваше на јубилејот пет години канонизација на Мајка Тереза, во Ватикан што првпат е во заедничка организација на МНР и Светата Столица. Османи ја отвори изложбата „Мајка Тереза – од девојка од Скопје до Светица“.

-Денеска, кога ја празнуваме оваа светица, ние се потсетуваме и на нејзиното наследство, на нејзиниот завет. И овој денешен настан, е дел од исполнувањето на заветот. Мајка Тереза е и Нобеловка и светица – може ли да се постигне повеќе во еден кус човечки век?! A секогаш ќе остане Мајка на сиромашните, страдалниците и безнадежните. За многумина, таа беше единствената искра надеж. Со редот на милосрдието, Мајка Тереза спасуваше безбројни животи, враќајќи им ја стрдалниците на човечкото достоинство, будејќи ја, истовремено, секогаш на дремка подготвената совест на Човештвото.  Таа постојано потсетуваше дека светот не е гладен само за леб, туку уште повеќе за љубов, за признавање, за почитување, за топол човечки збор. Со сето тоа, Мајка Тереза си изгради жив споменик, потраен и повеличествен од сите наши споменици, вели Османи во своето обраќање.

Тој додава дека младата Гонџа растела опкружена со сета етничка, верска, јазична и културна различност на Скопје, меѓу католичка и православна црква, муслиманска џамија и еврејска синагога.

-Таа ги имаше прегрнато вредностите на нашиот модел на соживот и почитување и прифаќање на различноста. Затоа, често велела: „Ако не беше Скопје, ќе ме немаше и мене“.  Скопје, со сета своја различност ја имаше подготвено младата Гонџа за големите различности и предизвици што ги сретна во Индија, истакна министерот.

Министерот Османи, покрај одбележувањето на овој значаен јубилеј оствари средба и со секретарот за односи со државите на Светата Столица, монсињор Пол Ричард Галагер.

-На средбата беше констатирано дека врските меѓу двете земји се цврсто втемелени врз заедничкото споделување важни личности и настани од глобално духовно значење. Соговорниците се согласија дека успешниот развој на билатералните односи меѓу двете земји и честите посети и средби чија круна беше апостолската посета на Папата Франциск пред две години, отвора широки можности за интензивирање на секторската соработка, се вели во соопштението од Министерството.

Од МНР додаваат дека освен за перспективите на меѓусебните релации, министерот Османи и монсињор Галагер разговараа и за проактивната улога на нашата земја во промовирањето на меѓурелигискиот дијалог како мост за одржлива коегзистенција на верските различности и традиции.

извор: МИА
Next Post

Во Грција целосно вакцинирано 55 отсто од населението

EVN

НАЈНОВО

Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Драма во англискиот фудбал: Кој се враќа во Премиер лигата, а кој гигант е на раб на амбисот?

April 18, 2026
Фото: ТАВ Аеродроми

Николоски: Скопскиот и Охридскиот аеродром лидери во регионот

April 18, 2026
Илустрација Фронтлајн

Цените на нафтата во нагол пад: Иран го отвори Ормускиот Теснец за време на примирјето

April 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Груевски меѓу застарените пресуди и 11 години затворска казна: Дали се подготвува за враќање или за ново бегство во Русија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 18 и 19 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за Законот за високо образование: Мора да се работи за плата од 150.000 денари, не може без ниту еден научен труд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Казино туризам – мирис на скап парфем и пропаст

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски ја ангажирал израелската агенција „Black Cube“ за следење на опозицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk