Навивач на Вест Бромвич е прогласен за виновен за расно навредување на играчот од средниот ред Ромен Сојерс, објави денес „Скај Спортс“.
Се докажа дека 50-годишниот Сајмон Силвуд направил прекршок. Тој ја негираше својата вина, тврдејќи дека го објавил својот коментар на Интернет по грешка. Навивачот тврди дека сакал да го напише зборот „кловн“ (buffoon), но автоматската исправка на телефонот го исправила зборот во „бабун“ (baboon).
Судот ги смета неговите аргументи за неубедливи и го прогласи за виновен за објавување „груба или навредлива порака, или инцидент што е непристоен или заканувачки“. Сè уште не е познато како ќе биде казнет Силвуд.
Пресудата за неговиот случај ќе биде донесена на 30 септември.
извор: МИА