На кандидатската листа од партијата Левица, за Совет во Општина Охрид се наоѓаат имињата на 23 кандидати. Она кое е впечатливо е дека неколку презимиња на кандидатите се повторуваат по два пати, со што се наметнува прашањето дали се работи за членови на исто семејство, пренесува Фокус.
Дојчиноски – Дојчиноска, Илијоски – Илијоска, Наумоски – Наумоска, Јованчев – Јованчева се само дел од презимињата кои се повторуваа.
Виолета Аврамоска, која е носител на советничката листа потврдила дека се работи за брачни парови.
-Имаме брачни парови, наши кандидати, кои заслужуваа да бидат листата. Имаме и кандидати кои се активисти со исто презиме, а не се ниту роднини, тоа е примерот со Ристески. Бројот на брачни парови-кандидати е шест – рекла Аврамоска за „Фокус“.