ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Имаме Храбар витез кој „хируршки прецизно“ ќе ги отстрани владата и институциите, и Села сит и Мицкоски на број…

September 17, 2021 12:02
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Кој е Храбриот витез кој „хируршки прецизно“ ќе ги отстрани владата и институциите…. пишува во најновата колумна другарот Џабир Дерала…И навистина, што ќе ни се институции и влада? Ќе живееме среќно и спокојно во светот во кој овој храбар витез, надарен математичар, хируршки прецизен, со сјајниот оклоп, опкружен со верните штитоносци, ќе владее како во сказните. И ќе нѐ брани од големите зли ламји и другите страшни суштества и сеништа од сказните, прочитајте….за да дознаете кој е витезот…

И Села сит и Мицкоски на број? „Нема потреба Мицкоски да ми се извини за 27 април, повеќе треба да ми се извини Зоран Заев“, изјави – и остана жив – Зијадин Села во интервјуто пред некој ден на ТВ24…..прочитајте во најновата колумна на Сашо Орадоноски.

Јанкуловски: Сте го гледале Денот на мрморецот? ….Како нашиот најпознат медицински техничар Денис Јанкуловски ги опишува деновите, кои се речиси идентични, во битката против современата „вештерка“ коронавирусот….Несовесноста е голем фактор за ова, за жал тоа е само показател дека во однос на совесноста, дисциплината, здравиот разум од оваа борба ќе излеземе поразени, тешко дека ќе научиме нешто за во иднина…. Победува минусот.

Нова провокација на Џамбаски: Во Северна Македонија прават сè за да се попишат што помалку Бугари. Да бидат што е можно помалку, така што тие би биле маргинална група, слична на српските, бошњачките и другите групи што се навистина маргинални во Северна Македонија, рече Џамбаски.

Заев: Не размислувам за оставка, а премиер или заменик премиер ќе биде претседателот на Алијанса кога ќе заслужи, ќе даде идеи, ќе понуди решенија. Изгубивме животи. Да ги причекаме форензичите извештаи. Злоуптребувањето на болката низ која минува цел народ е чисто политиканство, нагласи премиерот.

МИА

Луѓето се против корупција, но не би ја пријавиле, вели директорката на ДКСК, Биљана Ивановска. Во јавноста се прави забуна меѓу тоа што е морална и кривична одговорност и тоа што е оставка од морални или други причини. Во случајот во министерот за здравство Венко Филипче станува збор за оставка од морална одговорност и сметам дека треба да биде прифатена, вели Ивановска за Утрински брифинг.

Советникот Душан Томшиќ од МОН ги повикува родителите да ги поттикнуваат учениците место да играат видео игри, да ги користат дигиталните уреди за учење. Училиштата навреме ги добија потребните интерактивни табли, нагледни средства и дидактика кои се предвидени со наставната програма. Исто така учениците навреме ги добија учебниците. Преку апликација се спуштени на нивните уреди, вели Томшиќ.

Шекеринска: Новата американска администрација сака што поскоро да ја види Северна Македонија во преговарачкиот процес со ЕУ.  Во Пентагон, министерката за одбрана Радмила Шекеринска разговараше со Хајди Грант, директорка на Агенцијата за безбедносно- одбранбено соработка. На средбата стана збор за тековните проекти за модернизација на Армијата.

ДИК до утре треба да ги добие потврдените листи на кандидати за градоначалници и советници. Најдоцна на 22 септември, ДИК и ОИК ќе ги известат овластените претставници за одржување на жрепката. Жрепката за утврдување на единствена листа на кандидат/и ДИК ќе ја одржи најдоцна на 23 септември.

 

Код

 И. Т. З. 
Next Post
EPA-EFE/Georgi Licovski

Обвинителството почна да ја разгледува документацијата за модуларната болница во Тетово

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk