ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шахпаска: Намалувањето на непријавената работа води кон сигурен економски раст и повисок животен стандард

September 22, 2021 14:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска учествуваше на дебата посветена на неформалната економија насловена „Препознавање и намалување на неформалната економија во Република Северна Македонија“, во организација на Министерството за финансии и УНДП и поддршка на Амбасадата на Република Словачка во нашата држава.

Министерката Шахпаска рече дека за обезбедувањето на  одржлив економски раст, повисок животен стандард и лојална конкуренција, неопходно е формализирање на неформалната  работа. Притоа, се осврна и на предизвиците со кои се соочивме како држава поради пандемијата со Ковид 19, и шестте пакети   финансиска поддршка на стопанството и граѓаните, со цел полесно премостување на кризата.

„Мора да признаеме дека не беше лесно да се креираат мерки кои ќе ги таргетираат вработените во неформалната економија, бидејќи во реалност тие не се дел од системот. И затоа многумина на потешкиот начин ја научија лекцијата што значи формализација на секое работно место, сигурност, извесност и заштита на работнички права.Како  држава преземаме системски решенија кои даваат резултати и овозможуваат формализирање на неформалната економија, “ рече министерката.

Осврнувајќи се  на  Стратегијата за формализација на неформалната работа за периодот 2018-2022 година,потенцираше дека преку сеопфатен  систем ефикасно се намалува  неформалното  вработување .

„Наша задача преку Стратегијата и преку ИПА проектот – „Унапредување на условите за работа“ е да го поттикнеме создавањето на формални работни места, да ја намалиме непријавената работа, но и да стимулираме поголема економска активност на жените на пазарот на трудот,“ потенцираше министерката.

Податoците од Државниот завод за статистика, покажуваат  пад на стапката на неформално вработување. Во периодот од 2011 година кога овој процент изнесувал 24.3%,  во 2018 година процентот паѓа на 18,6%, а во 2020 година овој процент бележи намалување и изнесува 13.6%.

Најголемото намалување на оваа стапка е изразена кај младите работници на возраст од 15 до 24 години која од високи 46,9%, во 2011 година, се намалила на 18,9% во 2020 година.Неформалното вработување е позастапено кај  мажите во споредба со жените, младите, и повозрасните  работници над 65 години, нискоквалификуваните лица и кај работниците ангажирани во земјоделството и градежниот сектор.

Според министерката новите решенија во Законот за работни односи, ќе обезбедат гаранција и за работниците и за работодавачите особено со регулирање на сезонската работа.

Таа ја истакна важноста на  активација на пазарот на трудот што Министерството заедно со Агенцијата за вработување, ја реализира. Преку креирање на индивидуален  план за секое вработливо лице, од страна на Центрите за социјална работа и АВРСМ, нивна преквалифакцијата и доквалификацијата се создаваат  услови секое вработливо лице да излезе на пазарот на труд.

 

 

Next Post

(ГАЛЕРИЈА) Шилегов заедно со граѓаните на велосипедското дефиле низ Скопје

Shortcut

Најново

Избори во Србија – остри кампањи, Вучиќ ја врзува опозицијата со „странски служби“, студентите со кампања од врата до врата

October 4, 2026
Броила (фото: Електродистрибуција)

ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

October 4, 2026

31 година од атентатот врз Киро Глигоров: Сторителите и нарачателите сè уште непознати

October 3, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градот останува, животот исчезнува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk