ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Артан Груби итно да замине во Софија!

September 23, 2021 08:53
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА

При завчерашната средба на бугарскиот претседател Румен Радев и европскиот комесар за проширување Оливер Вархељи во Софија, Радев порачал дека повеќе не се прифаќаат декларации и ветувања во дијалогот со Северна Македонија и ја повика Македонија да преземе јасни и правно обврзувачки решенија што би довеле до „одржливи резултати“ во бугарско-македонските односи. Бугарскиот претседател побарал „ефективна акција од ЕУ“ за промовирање на европските вредности, демократијата и почитување на човековите права кај нивниот западен сосед, Македонија.

Занимливо, во неколкуте извештаи што ги прочитав од средбата на Вархељи со Радев во Софија, на која присуствувал и бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев, никаде не го сретнав зборот „историја“. Напротив, Бугарите наврапито се оддалечуваат, во средбите со своите евро-американски партнери (но, не и билатерално со нас) од своето инсистирање таа, историјата, да биде центарот на (нивниот) проблем со Македонија, а со истата брзина се обидуваат да ги воведат „Копенхашките критериуми“ (демократија, човекови права, третман на малцинства и сл.) како главен услов за одблокирање на македонскиот европски патишта.

Хахахахаааа… Македонија е, несомнено, „светски првак“ по прашањата на воведување, исполнување, коригирање, унапредување итн. на Копенхашките критериуми на Балканот, со сите премрежија, успеси и неуспеси низ коишто поминавме во последните 30 години. На пример, ако се човековите и правата на малцинствата во прашање, политичката култура, како и формалните механизми за интеретничко и интеркултурно интегрирање, на Бугарија би можеле да им држиме семинари на таа тема во наредните десетина години. Предлагам да му го испратиме г. Артан Груби (придружуван со барем еден Ром, Турчин или Влав во делегацијата) на бугарскиот претседател, за првичен брифинг „по темата“.

Нашето општество, несомнено, има уште многу работа да заврши, практично, за суштински да стане „едно“, „еднакво“, „единствено“ итн. за сите свои граѓани, па и за оние сограѓани кои се чувствуваат како Бугари овде. Впрочем, задачите од комплексот на мултикултурни и мултиетнички интеграции се секогаш „отворен процес“ за што никогаш и никаде не може да се каже дека е ставена „точка“ на работите.

Но, за „потребите“ на евро-интеграциите, барем во таа сфера од Копенхашките критериуми, домашната задача е одамна напишана, проверена и европски „оверена“.

Туку, од содржината на средбата на Радев и Вархељи како да се наѕира тесната патека по која Бугарија би можела да го пронајде патот за извлекување од врвицата по која самата заталка со ветото за македонските евро-интеграции. Бугарија и самата признава дека, откако кој стигна ѝ удри „заушка“ од партнерите во ЕУ, сега е изложена на жестоки евро-американски политички и дипломатски притисоци да го смени своето поведение. Сега личи дека Бугарите само се обидуваат да спасат нешто од својот образ, за да не биде бруката уште поголема, особено во пресрет на уште едни парламентарни и политички избори во земјата.

И добро е што сега Радев инсистира на постигнување „обврзувачки решенија“, бидејќи тоа нам ни одговара, откако претходно Софија во најмалку три-четири наврати си погази врз своите ветувања пред европските партнери во врска со Македонија, вклучувајќи го и однесувањето како „пишман аџија“ со почитувањето на Договорот за добрососедство и соработка потпишан со нас.

Па, добро, подобро некогаш одошто никогаш, треба да им помогнеме на Бугарите со „Копенхашките критериуми“ во оваа прилика, за заедно да се извадиме од „мрачниот тунел“ во кој нѐ втераа, за иднината да ни биде посветла од историјата за која (ќе) се расправаме.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Каранфилова – Пановска: Пораките на Кошта се јасни, одговорност на власта е да го деблокира европскиот пат

May 15, 2025

Дојава за бомба во салата „Јане Сандански”

May 15, 2025
Зеленски во Турција. Фото: Скриншот

Преговори Украина – Русија утре во Истанбул, Зеленски ја напушти Турција

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk