Изјавата на Заев е порака за помирување… Тричковски со извонредна колумна: Будење на Македонците… Зелена енергија, одржлив раст на економијата, здрава животна средина и нови работни места… Унијата да продолжи да се фокусира на Западен Балкан… Цивил медиа, со „Кратки нозе“ разоткрива неколку лажни вести… Германија утре гласа…
ИСТОРИЈА, ПОЛИТИКА, НАТО
Историчарот Драги Ѓоргиев, претседател на макдонскиот тим во заедничката македонско – бугарска Комисија за историски и образовни прашања, смета дека изјавата на премиерот Зоран Заев за бришење на придавката бугарски од фашистички окупатор на спомениците и во учебниците, е порака до Бугарија дека за историско помирување помеѓу двата народа треба да се разговара.
Заев во интервју за виенски „Стандард“:Сигурно не сме најдобри, но ние сме добрата вест од Западен Балкан. Во моментов, ЕУ размислува за препораките што ќе бидат дадени на Самитот за Западен Балкан на почетокот на октомври, а има држави од ЕУ кои дури и не сакаат Унијата да продолжи да се фокусира на Западен Балкан“.
Преку НАТО Центар за поддршка на домашните компании што од денеска ќе функционира во Министертсвото за одбрана, фирми од земјава ќе може да учествуваат на тендери за потребите на Северноатлантската алијанса, кои на годишно ниво изнесуваат 5 милијарди евра.
ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНА
Првиот Социо-еколошкиот форум денеска во Скопје ги седна на иста маса регионалните и европски прогресивни политички лидери, тинк-тенк и невладини организации, младински лидери и новинари.
Една од главните заложби на Владата е да ги постави енергетските политики на стабилно долгорочни основи базирани на чиста, зелена енергија, создавање услови за одржлив раст на економијата, здрава животна средина и нови работни места, истакна премиерот Зоран Заев во обраќањето на Социо-еколошкиот форум во Скопје.
ФРОНТ, СКАНДАЛИ, ЛАЖНИ ВЕСТИ
Бранко Тричковски: Будење на Македонците. Инсистирањето на бугарскиот фашизам ја деградира славната и ослободителна епопеја на македонскиот народ. И ги загрозува сите национални и државни остварувања. Не ја нагласува и зацврстува. Сè е наопаку. Се однесуваме како крава која клоца над кантата со млеко.
Дали ако градоначалникот на Петровец крадел, институциите треба да молчат само затоа што има избори? Градоначалникот на општина Петровец кој е и кандидат на опозициката ВМРО-ДПМНЕ за нов мандат заедно со уште четири лица го оштетиле буџетот на општина Петровец со над 1.5 милион евра.
Во вакцината против ковид нема ензим од змија отровница, односно ѕвечарка. Студијата што се споделува во постот не е спроведена на вакцинирани пациенти, туку на пациенти со ковид, кои биле хоспитализирани неколку месеци пред да почне процесот на имунизација.
Видео рубриката „Кратки нозе“ која почна да се емитува на Цивил медиа, разоткрива неколку лажни вести, кои деновиве беа пласирани на социјалните мрежи и портали.
ПОПИС, РЕПУБЛИКА
Вкупно 1.460.552 лица, 455.478 домаќинства и 632.742 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика.
Вицепремиерот Љупчо Николовски во Крива Паланка ја исполни својата граѓанска обврска за попишување заедно со својата сопруга.
Анкета на Рејтинг: 52,5% од граѓаните на Скопје сметаат дека состојбата во градот е подобрена во последните 4 години.
РЕГИОН, СВЕТ
Германија утре гласа. Тоа се најважните избори за Германија, но и за Европа и светот. Вниманието на светот е свртено кон германските гласачи, во исчекување на нивната одлука. Кои се фаворитите, според досегашните истражувања на јавното мислење во Германија, кои имаат шанса да седнат во жешкото столче на незаменливата лидерка, Ангела Меркел?
Време е ЕУ да го испорача ветеното за Западен Балкан, истакна грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. За време на неговото обраќање на Генералното собрание на ОН, тој се осврна на сите актуелни теми, од пандемијата до климатските промени, односно како што рече климатската криза, од односите со Турција и кипарското прашање до ЕУ перспективата на Западен Балкан.
Провокации помеѓу Србија и Косово: Српски борбени авиони ја надлетуваат границата со Косово.
Грозоморно чедоморство ја шокираше Хрватска утрово – 56-годишен маж со раце си ги задавил трите малолетни деца во загрепската населба Млинови. Потоа се обидел да се самоубие
СПОРТ
Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер се огласи по денешниот поразот од Астон Вила со 0:1 во Премиер лигата. Очигледно сум разочаран бидејќи голот беше од офсајд, се пожали Солскјер.
Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа, во полуфиналето на турнирот во Висбаден, Германија, со награден фонд од 80 илјади долари (категорија W80), пред неколку моменти доживеа пораз од првата носителка на турнирот Французинката Клара Бурел.
Ј. Ѓ.