ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Градоначалничките визии треба да ни ги допрат и срцата, а не само џебовите

September 29, 2021 09:26
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА

Како што можеше и да се претпостави, веќе по првите телевизиски дебати за градоначалничките места по општините се забавуваме со тоа како лекари, пејачи и шаренило од разни други професионалци (и оние кои тоа не се) се расфрлаат со печени-недопечени идеи за сообраќајните, еколошките и популационите проблеми на нашите градови. Некои седнале и нешто прочепкале по интернет, други главно се информираат од кафеанските маси каде што им заседаваат изборните „штабови“, а има и такви кои не ни кријат дека изборите им се шанса да ги прошетаат своите ега по телевизиите и маалските сокаци, пред да почнат посериозните есенски дождови откако заврши летното цветање на тиквите.

Гледаме, сите се големи експерти за „бетонизација“, за „брзи автобуски линии“, за возење велосипеди и за урбана хортикултура.

Во средината на далечните осумдесетти, се сеќавам на едно предавање на тогашниот градоначалник на Белград, Богдан Богдановиќ, во преполниот амфитеатар на Архитектонскиот факултет во Белград. Прославениот урбанист и архитект-филозоф, некогашен партизан кој, по судирот со Милошевиќ на почетокот на деведесеттите, ќе го напушти Белград и ќе замине во Париз, за во 2010 да почине во политички егзил во Виена, на тоа предавање говореше за историјата на развојот на градовите и за предизвиците на новата градска архитектура и модерната урбанизација.

Во таа прилика, количеството на интелектуална енергија во салата можеше да се „сече со нож“, а во публиката се слушаше и мува кога лета, бидејќи присутните бевме како хипнотизирани од заразната инспирација, од ерудицијата и имагинацијата на Богдановиќ. Впрочем, неговата енергија можете да ја почувствувате низ симболизмот и монументалноста на неговиот меморијален Парк на револуцијата во Прилеп (1961) којшто и денеска предизвикува морници слични на оние кога го гледате „Камениот цвет“ на Богдановиќ во меморијалниот парк во Јасеновац (1966).

А, во деведесеттите, нашиот познат архитект, професорот Живко Поповски, ме „облагороди“ и ме едуцираше со стотици часови низ разговори за урбанизмот, за филозофијата на живеењето и за развојот на градовите, не само во нивниот „материјален“ аспект, туку многу повеќе со „експлозијата“ на идеи и размисли за духот на урбаното живеење.

Жико никогаш не стана ничиј партиски кандидат за градоначалник, а за градовите знаеше многу повеќе од мнозината минати градоначалници – заедно! Додуша, очајно „слаб“ беше на темата „маркици“ и тендери…

Од тој аспект, денешново перманентно „кукање“ на актуелниве изборни кандидати за материјалните аспекти на нашиот градско-општински живот не само што е здодевна, туку е и неточна, еднострана интерпретација на современиот градски живот – духовната сиромаштија во државава е, ако не поголема, макар еднаква со материјалната истоштеност и на граѓаните и на градските буџети. И не сум сигурен што е полесно да се оправи во наредните градоначалнички мандати.

Зборот ми е, со оваа кадровска предизборна локална понуда, како да бираме директори на јавни претпријатија за асфалтирање, канализација, одржување семафори, паркинг и собирање смет. Добро, има и нешто визии околу некои генерални развојни инфраструктурни проекти (повеќето кандидати, се разбира, имаат тотално фриволни замисли како и од каде тие би се финансирале). Но, нема „штоф“ за она што „таткото/мајката“ на градот треба да го прави со своите градски „деца“ вон потребата од редовно менување пелени и миење раце пред јадење.

А, градовите се многу, многу повеќе од широчината на булеварите: во нив работиме или се шлаеме, се лекувме, се образуваме, се вљубуваме, старееме, се забавуваме, се селиме, се жениме и разведуваме… па и умираме. Има ли кандидати што можат таа градоначалничка приказна да ни ја раскажат, да ги допрат срцата, а не само џебовите на гласачите?

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

Next Post

Ковид-19: Во светот над 4,7 милиони мртви, очекуваниот животен век намален за 10 години

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk