Ветувањата на Арсовска од ден на ден стануваат се посмешни и понелогични.
„Од Расадник… до Драчево ќе се стигнува за не помалку ниту повеќе од 5 минути“, истакна независниот кандидат за градоначалник Арсовска на прес-конференција.
Данела со „кромид“ ветување од Драчево:
„Од Расадник… до Драчево ќе се стигнува за не помалку ниту повеќе од 5 минути“.
Од зградите Расадник до Драчево има 8-9 км. За да се извозат за 5 мин., треба да се вози над 100км на час, а дозволено е 50!
Седи Данела, кец по математика! pic.twitter.com/exYRq1ZVDt— Seir MK (@Seir_mk) September 30, 2021
Од зградите Расадник до Драчево има 8-9 км. За да се извозат за 5 минути, треба да нема семафори, да се вози над 100км на час, а дозволено е 50! Седи Данела, кец по математика и укор за лажење, велат од Сеир споделувајќи исечок на видео од прес-конференцијата.
А на а социјалните мрежи веќе почнаа да се подбиваат.
Ова не е прв гаф на Арсовска. Пред два дена таа им вети на скопјани бесплатен јавен превоз. Овој нејзин капитален проект до голем дел од јавноста е протолкуван како голем гаф и гол популизам за да се манипулира со граѓаните.
Арсовска за да ја поткрепи својата капитална идеја за бесплатен јавен превоз, навлегува од гаф во гаф и наведе дека таквиот проект е успешно реализиран во 67 (шеесет и седум) држави во Европа. Според податоци на Википедија, во Европа има вкупно 50 суверени држави, шест нецелосно признаени.
Д. Е.