ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Почнува со работа РЕДИ Рециклажа, зградите во Аеродром и Карпош да се пријават за селекција на отпад

October 4, 2021 07:55
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА СТРАНА, РЕПУБЛИКА
Chapter 4

Chapter 4

Share on FacebookShare on Twitter

Социјалното претпријатие РЕДИ Рециклажа официјално го најави своето почнување на активности кои ќе го подобрат животниот стандард и работа на неформалните собирачи на отпад и ќе ја подобрат состојбата на животната средина во Република Северна Македонија. РЕДИ Рециклажа ќе воспостави систем за примарна селекција на отпад преку мапирање на станбени згради во Општините Аеродром и Карпош во Скопје. Веќе е отворен јавен повик за пријавување на граѓаните од станбените згради: https://forms.gle/eYMcPMHVz265s4Jx6, изјави Асиб Зекир, извршен директор на РЕДИ Рециклажа на одржаниот настан „Open day with REDI Recycling”, објави МЕТА.

На официјалната промоција на новото социјално претпријатие присуствуваа министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, амбасадорот на Австрија, Георг Вутсас и Шефот за развојна соработка во СИДА, Микаел Атерхог. РЕДИ Рециклажа на настанот ја промовираше својата стратегија и визија за вклучување на Ромите во зелената економија.

По завршувањрто на јавниот повик за пријавување од страна на граѓаните, зградите ќе добијат канти за селектирање отпад (пластика и хартија). Станарите ќе треба да почна со селекција, додека социјалното претпријатие РЕДИ Рециклажа ќе врши навремено сервисирање преку празнење на кантите од страна на формализирани собирачи, коишто ќе бидат вработени во социјалното претпријатие. Целокупниот принцип на собирање ќе се врши со електрични трицикли, кои се еколошки возила што не го загадуваат ниту воздухот, објасни извршниот директор на РЕДИ Рециклажа Асиб Зекир.

За министерката Шахпаска, ова социјално претпријатие е многу важно и очекува да ја оствари својата мисија – Ромите од Северна Македонија да бидат дел од зелената економија, да добијат заштита како собирачи на отпад и да го формализираат своето работење и препознавање во системот.

За министерот за животна средина и просторно планирање, Нуредини, собирачите на секундарни суровини играат важна улога во управување со отпад поради тоа што 80-90 отсто од рециклираниот отпад е собран од неформалните собирачи.

„Социјалните претпријатија се одлична алатка за вклучување на неформалниот сектор во системот за управување на отпад. Нивното развивање може да го подобри управувањето на отпад, да создаде одржлив начин на функционирање на досегашните неформални собирачи и со тоа да придонесе кон подобрување на нивната материјална и социјална положба и подобрување на животната средина. Иницијативата на РЕДИ дава можност неформалните собирачи да се организираат и да влезат во формалниот систем за отпад“, рече Нуредини.

Во наредните четири недели, социјалното претпријатие РЕДИ Рециклажа, Здружението Гоу Грин и Пакомак ќе го промовираат повикот за мапирање на згради и ќе им овозможат на граѓаните на Скопје да бидат дел од иницијативата за селектирање на отпад.

РЕДИ Скопје, со финансиска поддршка од Канцеларијата за Ромски Иницијативи при Фондацијата Отворено Општество Берлин, ја основа компанијата РЕДИ Рециклажа која што се стекна со лиценца за собирање и транспорт на неопасен отпад, издадена од Министерство за животна средина и просторно планирање.

РЕДИ во соработката со ХЕЛВЕТАС и финансиска поддршка од СИДА, РЕДИ Рециклажа ги набави електричните трицикли и останатата потребна опрема предвидена во првите две фази на работење.

РЕДИ во партнерство со Европската канцеларија за животна средина и UMWELT Dachverband од Австрија спроведуваат проект финансиран од Министерството за Социјална работа, Здравство и заштита од Австрија, за креирање Методологија за развивање на капацитетите на собирачите на секундарни суровини согласно нивните потреби мапирани на терен.

„Мета.мк“ веќе пишуваше подетално за идниот развој на социјалното претпријатие РЕДИ Рециклажа, а видео прилог на оваа тема може да погледнете и во една од нашите претходни епизоди на емисијата за млади „Shortcut“.

Извор: МЕТА

Next Post

Оптимизам за решение со Бугарија по изборите, Самитот ЕУ-Западен Балкан дополнителна мотивација

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk