Вчера кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Ѓорче Петров избегна соочување со својот против кандидат од СДСМ Александар Наумоски во Утрински брифинг поради, како што кажал – „лични причини“.
Сепак вечерва Стојкоски ведар и расположен присуствува и се обраќа на митинг на неговата ВМРО-ДПМНЕ во Ѓорче Петров, со поддршка на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и кандидатката за градоначалник на Град Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовски.
Очигледно дека само неколку часа траеле „личните причини“ на Стојкоски и очигледно дека и тој, како и Арсовска и други кандидати од таа партија, решава да не се појавува на дебати и да не се соочува со своите противкандидати.
Д. Е.