ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Лукаревска од Неготино: После 39 години со заложби на централната и локалната власт, Неготино доби нова градинка

October 7, 2021 21:51
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Неготино знае да направи разлика. Со заложба на Владата и на локалната власт, после 39 години конечно имаме нова градинка во Неготино, за повеќе од 160 дечиња да може да имаат беззгрижно детство“ кажа заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска на трибината „Најдоброто за мојата општина“ во Неготино.

Таа додаде дека СДСМ гради едно општество за сите, во кое граѓанинот е секогаш на централно место.

„Постојано сме во еден отворен дијалог со различни целни групи, градиме доверба со сите, со младите подадовме рака и имаме одлични развојни младински политики со кои ќе овозможиме младите да развиваат сопствени бизниси и врз основа на тоа да ги задржиме да останат тука. И во Неготино и во целата држава“ рече Лукаревска.

Директорката на УЈП кажа дека градоначалникот на Неготино, Тони Делков е доказ дека знае успешно и умешно да го менаџира градот и да помогне на сите граѓани.

Лукаревска најави Делков како градоначалник значи среќни и задоволни граѓани, а централната власт ќе продолжи нижи успеси и да ги поддржува општините грижејќи се за младите, возрасните, унапредувајќи го спортот и градејќи партнерски однос со компаниите.

Проектите на ВМРО-ДПМНЕ се ветер и магла, промените за нив се барок, стиропор, закани и уцени

„Од Белата палата и на митинзите на ВМРО-ДПМНЕ слушаме дека ќе ги задржувале младите дома, но очигледно имаат заборавено што се случуваше до 2016.  Ние сме тука да ги потсетиме дека нивните проекти се ветер и магла“ рече заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, на трибината „Најдоброто за мојата општина“ во Неготино.

„Заедно сме тука да памтиме и да ги потсетиме дека до 2016 година дозволија од нашата држава да се иселат околу 630 илјади граѓани. Истовремено велат дека нудат промени, но промените одамна се започнати. За нас промените се дека вложуваме во човечкиот капитал и овозможивме да се намали невработеноста на рекордно ниско ниво“ рече Лукаревска.

Таа додаде дека со доаѓањето на СДСМ на власт се намалија казните и казнената политика, се намалија непродуктивните трошења.

„Ги зголемивме и просечната и минималната плата, ги зголемивме платите во различните сектори, социјалната помош, пензиите и го зголемивме транспарентното владеење. Владееме транспаретно и отчетно пред граѓаните“ рече Лукаревска.

Таа додаде дека сите овие разлики и успешноста на локалните власти под водство на СДСМ во изминатите четири години се причината која ќе овозможи бројот 12 да биде победнички насекаде низ државата и во Неготино на овие локални избори.

Next Post

Бочварски од Штип: Покажавме како од режим се носи слобода и направивме сè што другите само го ветуваа

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk