ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Курц поднесе оставка по обвиненијата за корупција (ДПЛ)

October 10, 2021 09:41
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Австрискиот канцелар Себастијан Курц поднесе оставка по обвинувањата за корупција, јави ДПА. Доцна попладнево тој потврди дека се повлекува од премиерската функција со цел надлежните органи соодветно да ја спроведат истрагата.

Тој го предложи министерот за надворешни работи Александар Шаленберг како негова замена, јави Би-Би-Си.

Курц и девет други лица се под истрага по рациите на голем број локации поврзани со неговата партија.

Тој ги негира тврдењата дека користел владини пари за партиски политички цели.

Курц соопшти дека ќе остане лидер на неговата конзервативна Народна партија. Тој застана на чело на партијата во мај 2017 година и ја доведе до победа на изборите подоцна истата година, станувајќи, на 31-годишна возраст, еден од најмладите демократски избрани шефови на влади во светот.

Повлекувањето на Курц доаѓа откако австриските обвинители го именуваа конзервативниот политичар како осомничен во случај на корупција поврзана со употреба на јавни средства за плаќање позитивно медиумско покривање.

– Мојата земја ми е поважна од мене, рече Курц, но дополни дека обвинувањата се „неосновани“.

Претходно денеска, обвинителите извршија рации во канцеларијата, Министерството за финансии и домови и канцеларии на високи помошници на канцеларот.

Пред неколку дена обвинителите соопштија дека австрискиот канцелар Себастијан Курц е „централната фигура“ во обвинувањата за злоупотреба, корупција и поткуп Сите прекршоци се „извршени во име на неговиот личен интерес“, велат тие.

Во налогот за претрес од Обвинителството на 104 страници, објавен во целост во австриското списание „Профил“, Себастијан Курц се наведува како „централна фигура“ под обвинение за злоупотреби, корупција и поткуп. Сите прекршоци се „извршени првенствено во личен интерес“.

Во документот се наведува и: „Од многуте анализирани пораки во четот, јасно е дека тој (Курц ) е личноста која ги носи сите важни основни одлуки, последователно имплементирани од неговиот најблизок круг советници.

Конкретното обвинување против канцеларот Курц е дека со пари на Министерство за финансии предводено од неговата партија АНП, се финансирале огласите во еден весник од 2016 година, а за возврат публикацијата објавувала резултати од анкети, поволни за Курц. Се вели дека планот му помогнал на Курц да го преземе раководството во неговата партија, а потоа да стане канцелар.

Според обвинителството, тоа се докажува со бројни СМС -пораки од роднини и доверливи лица на актуелниот канцелар. До 2017 година, Курц беше министер за надворешни работи, а во мај 2017 година го презеде раководството во АНП. На предвремените парламентарни избори во октомври 2017 година, неговата Народна партија стана водечка сила, а Курц стана федерален канцелар.

Опозицијата, веднаш по избивањето на скандалот соопшти дека не сака предвремени избори.Сите три опозициски партии – Социјалдемократската партија на Австрија, Партијата на слободата и најмалата НЕОС – сметаат дека обвинувањата против Курц се суштински и побараа негова оставка.

Претходно беше планирано во вторник да се состане Парламентот за да гласа за недоверба на Курц.

извор: МИА
Next Post

Како лажната наука создаде „чудотворен лек“ против Kовид-19

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk