ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Макрадули тврди, Петровска е една од авторките на Студијата за гасоводот од 2011, таа демантира, била соработничка и не ја поддржала

October 11, 2021 12:49
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Иако не сум дел од кандидатите на овие локални избори, ја следам кампањата и непријатно ме изненади еден коментар на кандидат за градоначаник на град Скопје, г-ѓа Петровска, каде префрлува одговорност на погрешна адреса. Имено, Ана Петровска е една од авторките на Студијата за оцена на влијанието врз животната средина на проектот за Национален гасификационен систем во Република Македонија Делница 5 Скопје-Гостивар-Кичево (Гасоводот на Водно) од 2011 година, обвини директорот на „Пошта“ и поранешен министер Јани Макрадули.

Според неа, за таа траса, одобрена и препорачана од Петровска, дека не влијае штетно на природата, граѓанските организации реагирале, а во координирана акција на неколку владини институции во 2018-та година:

Од првичниот проект, направена е измена на трасата, и со тоа за 70% се намали должината каде се сечеа дрвца.

Невладините организации имаа увид во комплетната документација на проектот, затоа впрочем и учествуваа во процесот на измените кои се направија за намалување на влијанието врз животната средина (стеснувањето на трасата и промената на 4км од дел од трасата со што се избегна високостеблеста шума).

Со цел надоместување на штетата со исечени дрва, Владата донесе заклучоци со кои се предвидоа серија активности за рекултивација и пошумување на парк шума Водно, согласно предлозите на граѓанските здруженија.

Затоа Петровска не може да избега од нејзиното дело во 2011-та година, објави Макрадули на својот Фејсбук профил.

„Не сум потпишала, ниту сум била консултирана, ниту имам информации кога е одобрено од министерството за животна средина, рече денеска кандидатката за градоначалник на Скопје, Ана Петровска и ја демантираше објавата на Макрадули дека токму таа е една од авторките на студијата за оцена на влијанието врз животната средина на проектот за Национален гасификационен систем во Република Македонија Делница 5 Скопје-Гостивар-Кичево (Гасоводот на Водно) од 2011 година.

Таа додаде дека била дел од соработниците во студијата, но не застанала позади неа.

„Гасоводот не требаше да помине, но не беше на мене јас да одлучувам или да го потпишам или соопштам“, изјави Петровска.

И. З.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Трамп се закани на Русија со царини и најави повеќе американско оружје за Украина

July 15, 2025

Гласот на Бранка Станковска повторно се слуша – благодарение на македонскиот стартап „Tytl“ и вештачката интелигенција

July 15, 2025

Зеленски ја назначи Јулија Свириденко за нова премиерка на Украина, на местото на Денис Шмихал

July 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мицкоски и Николоски се возеа по автопатот Кичево – Охрид: Аце, одлично изгледа ова, ако беше лесно немаше сигурно да бидеме ние

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја саботира европската иднина – Македонија сама се блокира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk