Минатата година кога требаше да се реализира Забавниот парк започна Ковидот, како совесен човек и градоначалник ги пренаменивме за поддршка на малите бизниси и инфраструктурата и да се грижиме за луѓето, тоа беше приоритетно а не забавниот парк, а сега веќе е поинаку па приоритетите се менуваат, истакна кандидатот за градоначалник на СДСМ, Петре Шилегов на дебатата на Канал 5 телевизија.
-Универзалната сала ќе биде готова до Нова Година, а внатрешноста ноември следната година, најави Шилегов одговарајќи на прашање кога ќе завршат градежните работи на овој објект.
Тој рече дека во 2019-тата година имала најголем буџет и сепак потоа поради пандемијата дел од парите се пренаменети.
-Сепак независно од тоа, инфраструктурно многу работи, трамвајот и бас рапид транзитот се веќе пред фаза на реализација, не е само желба туку веќе гледа реалност, изградивме булевари, купивме 33 еколошки автобуси, а не кинески како оние на ВМРО-ДПМНЕ и тие го намалија загадувањето, појасни Шилегов.
Д. Е.