„Да се родиш во Прилеп, е привилегија. Тука да основаш семејство, да гледаш како децата растат во градот кој за мене е центар на светот, е возвишено чувство на среќа. Прилеп дал врвни уметници, научници, спортисти, занаетчии, мајтапџии, луѓе со дух. Прилеп раѓал комити и партизани, бунтовници и револуционери, Илинденци, Асномци и бранители. И сите редум, борци за македонската кауза.“, вели кандидатот на СДСМ за Прилеп, Горан Сугарески во видео пораката објавата на Фејсбук.
Тој нагласува дека Прилеп е град на пркосот и непокорот. Град првоборец. Град Херој.
Прилеп е, драги мои, кодот на македонскиот идентитет!
Најдоброто за Прилеп, е концепт од граѓаните за граѓаните.
„Општинскиот Совет мора да биде храм на демократијата во кој граѓаните преку избраните претставници, но и директно, преку Граѓанскиот парламент и разни други форуми, ќе учествуваат во креирањето на локалните политики.
Нови булеварски решенија на три големи главни сообраќајници, нови паркинг места со 3 монтажни катни гаражи. Изградба на нови велосипедски патеки, со што Прилеп го претвораме во Вело град.
За Прилеп со модерни сообраќајни решенија на сите влезови во градот. Уредување на Градската река и Дабнички канал, нов кружен тек кај новата автобуска станица;
Градиме Младински културен центар, мултифункционално катче со бројни содржини за младите и невладиниот сектор, како и Семеен парк, мултинаменски спортско-рекреативен центар.
За Прилеп како инклузивна општина со грижа за лицата со посебни потреби, за Прилеп, град со енергетски ефикасни фасади.
Поддршка на младите, но и на лицата во трето доба. Невладиниот сектор и здруженијата на граѓани – партнери на Општината во градењето граѓански концепт.
Прилеп се сака не со зборови, туку со дела.
На Прилеп му треба градоначалник кој ќе ги решава проблемите на граѓаните, а не од нив да се крие. Градоначалник кој Прилеп ќе го гради како заеднички дом за сите.
Се обврзувам дека заедно ќе го направиме најдоброто за нашата општина.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Коалицијата се најдоброто за Прилеп!
НАЈДОБРОТО ЗА ПРИЛЕП ШТО ГО САКАШ!“, истакнува Сугарески.