ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

ЈО: Отворени предмети за евентуални изборни нерегуларности, дадени насоки за натамошно постапување

October 17, 2021 17:30
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

До Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на Локалните избори до 15:00 часот пристигнаа информации за постапувањата по предметите во основните јавни обвинителства, како и известувања за случени евентуални изборни нерегуларности. Дежурните јавни обвинители од основните јавни обвинителства будно го следат изборниот процес и со приоритет постапуваат во насока на утврдување на фактите во предметите, информира Јавното обвинителство на Република Северна Макеоднија.

-На електронската адреса izbori@jorm.mk , стои во соопштението, пристигна поднесок испратен од политичка партија, во врска со сомнение за вршење притисок и агитација од страна на лице во избирачки места во Гостивар. Основното јавно обвинителство Гостивар оформи предмет по допрен глас и веднаш издаде насоки за проверка на наводите од пријавата.

По насока на Основното јавно обвинителство Куманово, во врска со пријава за наводно купување гласови во кумановските села Черкезе, Романовце и Војнивиќ, за кој настан обвинителството оформи предмет, нагласуваат,  извршен е разговор со повеќе лица и нема информации со кои би се потврдиле наводите од пријавата. Се продолжува со преземање на дејствија по насоки на јавен обвинител.

-Основното јавно обвинителство Скопје е известено за настан пријавен од претседател на Избирачки одбор, во врска со  извршено  уништување на гласачки материјал односно  искинати гласачки ливчиња. Имено, околу 12:45 часот лице при остварување на право на глас, од четири ливчиња само едно ставил во гласачка кутија, додека другите ги скинал и ги оставил на пултот за гласање. Лицето било лишено од слобода и приведено во полициска станица.  По извршени консултации со јавен обвинител и постоење на основи на сомнение за извршено кривично дело  „Уништување на изборен материјал“ од член 164 став 1 од Кривичниот законик, дадени се насоки за натамошно постапување, велат од ОЈО.

Во врска со известување од страна на Оперативниот штаб доставено од страна на Амбасадата на САД во кое известуваат дека едно лице од политичка партија,  на 16.10.2021 година се обратило до нив и споделило информација, додаваат, Основното јавно обвинителство Скопје даде насоки за натамошно постапување, по кои МВР СВР Скопје врши оперативни проверки.

-Основното јавно обвинителство Кочани известено е од ОВР Кочани за повеќе настани кои се однесуваат на вршење агитација пред избирачки места, превоз на гласачи,  како и сомнение за вршење поткуп и повреда на слободата на определувањето на избирачите. По дадените известувања во обвинителството се оформени предмети и дадени се насоки да се утврди идентитетот на лицата, да се достават податоци за возилата и да се извршат оперативни проверки, посочуваат од ОЈО и потенцираат дека Јавното обвинителство продолжува со следење на процесот на гласање и постапува по сите сомненија за евентуално сторени кривични дела поврзани со локалните избори.​

извор: МИА

Next Post

Зголемен прометот во индустријата за 21 отсто

EVN

НАЈНОВО

Новото лого на Мадона покажува дека кралицата на попот сè уште може да предизвика контроверзии

April 16, 2026

НАСА и „Voyager Technologies“ договорија нова приватна мисија до Меѓународната вселенска станица

April 16, 2026

Трамп објави слика со Исус додека конфликтот со папата Лео продолжува да ескалира

April 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Анаис хороскоп, Македонија, Битола Широк Сокак

    Дневен хороскоп со Анис – 15 април

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп објави слика со Исус додека конфликтот со папата Лео продолжува да ескалира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ и Маѓар за „заеднички кум“ и „Турски тек“ во вербална војна веднаш по изборите во Унгарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белата куќа ги демантира вестите за барање за прекин на огнот со Иран: Пакистан останува единствен медијатор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никол Кидман сака да стане „death doula“ по смртта на мајка ѝ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk