ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Зголемен прометот во индустријата за 21 отсто

October 17, 2021 18:00
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Прометот во индустријата во периодот јануари – август 2021 година во однос на истиот период лани е зголемен за 21,1 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Во август 2021 година, пак, во однос на август 2020 година прометот бележи раст од 7,5 отсто.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во август 2021 година во однос на август 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 39,8 отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 16,5 отсто, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 4,7 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,6 отсто.

Прометот во индустријата во август 2021 година во однос на јули 2021 година е намален за 3,3 проценти.

Прометот во индустријата на домашниот пазар во август 2021 година во однос на август 2020 година е зголемен за 14,1 процент. Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во август 2021 година, во однос на август 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 16,3 отсто, Капитални производи за 26,4 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 12,8, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 0,1 процент.

Прометот во индустријата на домашниот пазар во август 2021 година во однос на јули 2021 година е намален за 5,4 отсто, додека во периодот јануари – август 2021 година во однос на периодот јануари – август 2020 година е зголемен за 5,8 проценти.

Прометот во индустријата на странските пазари во август 2021 година во однос на август 2020 година бележи раст од 4,9 отсто. Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во август 2021 година, во однос на август 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 49,7 отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 29,8, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 5,3 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 23,9 отсто.

Прометот во индустријата на странските пазари во август 2021 година во однос на јули 2021 година е намален за 1,8 отсто, додека во периодот јануари – август 2021 година во однос на периодот јануари – август 2020 година е зголемен за 25 проценти.

извор: МИА

Next Post

Даштевски: Изборниот молк ќе трае и по 19 часот

Shortcut

Најново

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

    Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk