ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Преглед на денот: Локалните избори беа конкурентни со почитување на основните слободи, злото се заканува, сега е најважно обединувањето, вештачка интелигенција во земјата

October 18, 2021 21:09
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Шилегов очекува победа во вториот круг. Покрај кршењето на изборниот молк, во вчерашниот ден е забележан и говор на омраза по етничка и политичка припадност. Четири општини добија градоначалник.„Веселата математика“ на толкувањето на половина празната или половина полната „чаша“ на изборните резултати ќе продолжи и во наредните денови. Впрочем, во многу места следува и втор круг на гласање, па навистина конечниот победник ќе се знае дури за две недели, пишува Орданоски. 

ПОЛИТИКА И ИЗБОРИ

Согласно обработените 100 отсто од податоци од Државната изборна комисија (ДИК) на вчерашните Локални избори во првиот круг избрани се 31 градоначалник од кои за еден не е исполнет цензусот за излезеност. Се уште не се обработени 100 отсто од гласовите за општините Аеродром, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Ресен и Центар, како и за Градот Скопје.

Набљудувачката мисија на ОДИХР оцени дека вчерашниот изборен ден поминал во наптреварувачка атмосфера, со почитување на основните избирачки права на сите граѓани. Првичните забелешки се однесуваат на тоа дека најголемите политички партии користеле многу повеќе јавни средства во текот на предизборната кампања, со што имале и предност во однос на помалите партии. На прес-конференцијата се обрати шефица на Набљудувачката мисија за изборите на ОДИХР, Тана де Зулуета.

Бочварски утре ќе престојува во работна посета на Софија каде што ќе потпише меморандум за трилатерлна соработка за развојот на одржлива патна и железничка инфраструктура на Коридорот 8. Потписници  на меморандумот покрај Северна Македонија се и Бугарија и  Албанија.

Вчера имавме успешен демократски ден и празник на демократијата. Им честитам на сите кандидати за резултатот во првиот круг и на граѓаните кои излегоа на гласање. Сакам да се заблагодарам за поддршката на секој граѓанин во првиот изборен круг. Во вториот изборен круг влегуваме изедначено, со овие зборови градоначалникот на Скопје Петре Шилегов ја започна денешната прва прес-конференција во кампањата за вториот круг од локалните избори.

Заев: СДСМ влегува во 36 општини во втор круг, на крај ќе имаме повеќе градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ. Нема да дозволиме на некого земјата да ја враќа земјата назад, злото се заканува. Кочи Мицко, вториот круг е пред нас, одговори Заев прашан за најавите од опозицијата за предвремени парламентарни избори или ново мнозинство во Собранието.

Николовски: СДСМ победува и води во првиот круг во Град Скопје и во над 25 општини.

Илиевски: Во вториот круг сме убедливи победници, Димитриевски најголем дел од гласовите зема од ВМРО – ДПМНЕ. Неофицијалните податоци покажуваат дека разликата помеѓу нас и Максим Димитриевски ќе бидат околу 100 гласа разлика за едниот или другиот, изјави за Утрински брифинг Илиевски, кандидат за градоначалник на СДСМ во Куманово. Но кога ќе ги собереме гласовите што ги има нашиот коалиционен партнер ЛДП, разликата е над 1.000 за нас, додава Илиевски.

ФРОНТ

Народот без филозофија, без свесна историја, интелектуално мек, духовно страшлив, народот кој што ужива во чесната и честитата уметност, што самиот си ја проектира, распекмезен народ на лирски стихоклепци, на фолклористи, пијанисти и глумци, тоа е мојот народ… пишува БРАНКО ТРИЧКОВСКИ.

Бранко Тричковски

 

КУЛТУРА

Модулот на руското вселенско летало Сојуз МС-18, во кое беа вклучени актерката Јулија Пересилд и режисерот Клим Шипенко, кои беа првите во светот што снимија игран филм во вселената, вчера слета во Казахстан, објави руската вселенска агенција Роскосмос.

В.К

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Стефоска: Осумдесет години од првиот истрел – јубилеите служат да не потсетат дека историјата се учи за да не се заборави и за никогаш да не се повтори

НАЈНОВО

Мицкоски смета дека единствено Левица и фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

September 16, 2025

Кандидати за претседател на Бенфика ветуваат нови тренери: Клоп и Аморим како опции

September 16, 2025

Крстевски: Побезбедно и поправедно општество е најмалку што им должиме на жртвите и на идните генерации

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО ВЕСТ) „Хибридни напади“ покрај контејнерите во Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk