Мора да го спречиме подемот на радикалите и националистите за да на крај не се врати повторно режимот. Бидете сигурни дека овој режим со овие луѓе од опозицијата ако ги оживееме повторно ќе биде десет пати полош од претходниот, напиша на Фејсбук Томе Христовски, градоначалинк на Крушево.
„Нас не ни треба нов 27-април, стагнација, црно минато, немири и судири, нас ни е потребен прогрес, развој и иднина за сите.
Не сме безгрешни, има грешки за кои треба да се корегираме и грешки кои се направени од изолирани случаеви на поединци, за кои не е криво ниту раковотството, најмалку власта, туку тие поединци кои лошо ја практикуваат или ја практикувале власта, а се нивни дел, на нив треба да се покаже прст, за кои има и треба да има одговорност.
Се изборивме за слобода, таа не е подарена, треба да ја одржуваме континуирано, но и да се бориме за да зачуваме сите!“, пишува Христовски.