ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: 15.000 нови вработувања во Стратешкиот зелен инвестициски фонд, Арсовска ја потценува јавноста, ревакцинирани 46% од полнолетните граѓани

October 28, 2021 18:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Се повеќе скандали ја „потресоа“ Арсовска непосредно пред избори, затоа таа не заслужува да биде градоначалник на Скопје. Груевски од Унгарија се распрашувал за купување на стан во Центар. Борисов со барање до Северна Македонија, за возврат ќе ја укинат блокадата. Вкупно се аплицирани 1.600.966 дози вакцини, а ревакцинирани 46% од полнолетните граѓани во државата.

ПОЛИТИКА, ИЗБОРИ

 Данела Арсовска не заслужува да биде ни кандидат за градоначалник на Скопје затоа што бега од дебати, не одговара на новинарски прашања и ја потценува јавноста. Најновото бегство од јавноста на Данела Арсовска е неодржувањето на нејзината редовна прес-конференција, со што им се оневозможува на новинарите да и поставуваат било какви прашања од интерес на скопјани, велат од СДСМ-Скопје.

Стратешкиот зелен инвестициски фонд на ТИРЗ, кој е само еден сегмент од Планот за забрзан економски раст, се очекува да поттикне инвестиции во износ од околу 750 милиони евра и да се креираат нови 15 илјади работни места.

Целосната интеграција на сите земји од регионот на Западен Балкан во ЕУ е најрационалното и најлогичното сценарио, што ќе биде во функција на создавање на Унија која ќе егзистира обединета, просперитетна и во мир, истакна денеска министерот за надворешни работи, Бујар Османи во обраќањето на меѓународната научна конференција на тема „Балканот меѓу европската интеграција и регионалната соработка“.

Да не се заборават зулумите на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, гласи постот на Фејсбук во кој се објавени фотографии од урбана инсталација која потсетува на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ со Скопје.

 

1 of 15
- +

1.

2.

3.

4.

5.

6.

7.

8.

9.

10.

11.

12.

13.

14.

15.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) го одобри дополнувањето на Мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија за греење на Балкан енерџи ДООЕЛ Скопје (БЕГ) со кои се овозможува БЕГ порано да стартува со испорака на топлината во дистрибутивниот систем.

За Бугарија да ја поддржи Северна Македонија, бугарското малцинство мора да биде впишано во Уставот на државата, вели лидерот на бугарската партија ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов.

ПРАВДА, ОПШТЕСТВО

Министерот за правда Бојан Маричиќ во гостувањето во „Утрински брифинг“ најави дека следната година ќе има зголемување на буџетот за судството и обвинителството. Според Маричиќ ќе има зголемување на платите за судиите и обвинителите, но и нови вработувања со цел да се пополни недостатокот од кадар во овие институции за нивно поефикасно работење во интерес на граѓаните.

На денешното судење за „Плацеви на Водно“ сведочеше бизнисменот Александар Ивановски, познат како Алек Теранова. Тој во своето сведочење кажа дека поранешниот премиер кој е осуден и доби азил во Унгарија, Никола Груевски од унгарски број го барал и се интерсирал за стан во Центар во којшто ќе може да живеат неговата сопруга и децата.

Со унапредување на системот на евалуација до поквалитетно високо образование, истакна Царовска. Царовска, денеска им посака успешна работа на членовите на Одборот за евалуација на високото образование, кои посетуваат обука организирана и поддржана од Фондацијата Фридрих Еберт – Скопје.

АХА!

Фотомонтажа: РИБАРО

Од македонското МНР, за АХА велат дека нашата земја со задоволство би издала егзекватура – би се согласила родената македонка бизнисменка и менаџерка со бугарска самосвест и двојно државјанство да е почесен козул од братската земја. Како што јавуваат изворите на АХА од Софија, Бугарија има намера својата бугарка во Скопје да ја згрижи и да ја постави за почесен конзул на Бугарија во Македонија.

ПАНДЕМИЈА

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 5.532 дози вакцини, од кои 666 се аплицирани како прва доза, 1.050 се ревакцинирани, а 3.816 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 27 октомври вкупно се вакцинирани 803.408 граѓани, ревакцинирани се 773.537 а трета доза примиле 24.021 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

СВЕТ

Во студијата на пет еколошки тинк-тенкови се наведува дека средствата потрошени за борба против климатските промени мора да се зголемат до пет трилиони долари годишно до 2030 година. Научниците предупредуваат дека трансформацијата на економијата е премногу бавна за да ги исполни меѓународните цели за ограничување на порастот на температурите.

М. М.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: ЦУК

Пожарот во дојранско Николиќ опасност да ги зафати околните шуми, Грција испрати два канадери

July 12, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Куќен притвор за едно, а мерки за претпазливост за друго лице вклучени во нападот врз Арсовска

July 12, 2025
Генерирано со ВИ

Реакции на Кошта и европски лидери за царините на САД: ЕУ е подготвена да ги заштити своите интереси

July 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски не го осуди нападот врз градоначалничката Арсовска: Има институции, ги повикувам да постапуваат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Арсовска со драматични обвинувања кон МВР: Се обидуваат да го заташкаат тепањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk