ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Мислете си дека гласате за „трета опција“, вели Јордановска, отворен East Gate Mall

October 29, 2021 11:59
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во политиката, во принцип, кога ќе ве фатат во крупна лага, најлошата стратегија за комуникација со јавноста што ви стои на располагање е – да продолжите да лажете, пишува во најновата колумна на Сашо Орданоски. Данела Арсовска во емисија зборот „менаџирање“ го употреби 348 пати, по правило кога немаше разумен одговор или објаснување на поставеното прашање на водителот како финансиски ќе ги поткрепи мегаломанските ветувања со буџетските средства на градот“, напиша Беличанец на ФБ.

ФРОНТ И СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

(М)оралното лажење е најстариот рецепт за губење избори… За тоа има многу „лекции“ во историјата на лажењето на политичарите од кои може многу и да се научи. Прво паѓаат на памет оние со американските претседатели врзани за Вотергејтскиот скандал на Ричард Никсон и скандалот со сексуалните компликации на Бил Клинтон, а и двајцата завршија со импичменти во американскиот Конгрес. Деталите, а и исходот од тие импичменти се различни, но со познати крупни политички последици и по нив двајцата, а и по републиканците и демократите кои, како партии, прво застанаа, па потоа се дистанцираа од нив, пишува Сашо Орданоски. 

Јордановска: ВМРО-ДПМНЕ нека ви е честита коалицијата, а вие мислете си дека гласате за „трета опција“. Сега барем знам што ќе не чека во иднина, но без гајле, навикнати сме на кревки политичарчиња навредени од новинарски прашања. Толку од мене на темава. Апасиев, и цела јавност, се гледаме повторно на 15 декември во Кривичен суд. Јас гордо ќе седнам во обвинителна клупа бранејќи ја својата професија и гадејќи се од сите политички пазарења за власт, од државните пари што ги расфрлате за глупави тужби и од нападите и етикетирањата на новинарите, пишува новинарката Мери Јордановска.

Беличанец: Г-ѓа Данела го злоупотребува зборот МЕНАЏИРАЊЕ и несоодветно го употребува, тотална конфузија. Зборот менаџирање го употреби 348 пати, по правило кога немаше разумен одговор или објаснување на поставеното прашање на водителот како финансиски ќе ги поткрепи мегаломанските ветувања со буџетските средства на градот“, напиша Беличанец на ФБ.

Апел до националистите да не ми ја чепкаат партизанската фамилија. Националистичката пропаганда синоќа изнесе лаги и клевети спакувани во прашална форма, дека јас сум бил наводно потомок на “подмочан благонадежен Блгарин” Божидар Забрчанец кој наводно и служел на “фашистичката окупаторска армија”. Му благодарам на дувлото што ми ја мобилизираше партизанската прилепска фамилија Забрчанец, и што ме натера да се соочат со антифашизмот со факти и докази кои нема да им се допаднат.

Партизанско семејство на Марјан Забрчанец

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ, ЕКОНОМИЈА

Шилегов: Преку апликацијата „Мое Скопје“ граѓаните ќе имаат „мини референдуми“ за сите важни прашања во градот. Градоначалникот на Скопје додаде дека со овие т.н. „мини референдуми“ за важните прашања, гласот на граѓаните ќе биде пренесуван и ќе служи како водилка за градоначалникот и советот.

Ахмети во Клик плус: Шилегов е најдобриот скопски градоначалник досега. „Арсовска не е доволно искусна да го води градот. Од друга страна, Шилегов работеше доста во својот мандат. Доста проекти се реализирани. Тој е еден од најдобрите градоначалници. Шилегов треба да победи во Скопје“, порача Ахмети, кој претходно веќе ги повика членовите и симпатизерите на ДУИ да излезат на гласање во недела и да го поддржат кандидатот на нивниот коалициски партнер.
Али Ахмети – претседател на ДУИ

СДСМ: Арсовска ги лаже граѓаните, кога може да лаже за бугарско државјанство, лаже и за други нешта, за чии интереси одработува? Не е важно како Данела, кандидатката на Груевски се чувствува, Северна Македонија е татковина за сите. Ваквиот неискрениот и нечесен пристап на Данела Арсовска кон граѓаните е проблем.

Потсетување – Лични карти ќе можат да се подигнат и во сабота и недела. В недела, 31.10.2021 година, пак,  сите наведени надлежни  организациски единици ќе работат само на издавање изготвени лични карти за граѓаните со работно време од 07.00 до 19.00 часот, вклучувајќи ги и дисперзираните пунктови во ОУР Скопје (Ѓорче Петров, Беко, Бутел и Драчево).

Се отвoра најголемиот трговски центар во земјава „Ист Гејт Мол“. Очекувањата се дека трговскиот центар ќе има околу 12 милиони посетители годишно, а закупците ќе остварат нето промет од 120 милиони евра. Предвидено е да се отворат повеќе од 2500 вработувања пред се во секторот трговија, но и во услужните дејности и оние кои се компатибилни со трговијата.

East Gate Mall

Иницијативата „Отворен Балкан“ може да привлече американски инвестиции, рече претставникот на Стејт департментот за регионот. Лидерите на трите држави што ја истражуваат иницијативата `Отворен Балкан нè осигураа дека е отворена за сите шест држави и ние им веруваме. Всушност не може да успее без другите три“, рече Габриел Ескобар, додавајќи дека сè што ќе ги зближи државите ќе создаде доверба меѓу граѓаните.

Серија земјотреси регистрирани на границата со Албанија, потресите почувствувани и во земјава.
И. Т. З. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: ЦУК

Пожарот во дојранско Николиќ опасност да ги зафати околните шуми, Грција испрати два канадери

July 12, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Куќен притвор за едно, а мерки за претпазливост за друго лице вклучени во нападот врз Арсовска

July 12, 2025
Генерирано со ВИ

Реакции на Кошта и европски лидери за царините на САД: ЕУ е подготвена да ги заштити своите интереси

July 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски не го осуди нападот врз градоначалничката Арсовска: Има институции, ги повикувам да постапуваат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Арсовска со драматични обвинувања кон МВР: Се обидуваат да го заташкаат тепањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk